Качарево
Качарево | |
---|---|
Град | |
Центарот на градот | |
Местоположба во Србија | |
Координати: 44°57′35″N 20°41′22″E / 44.95972° СГШ; 20.68944° ИГД | |
Земја | Србија |
Покраина | Војводина |
Округ | Јужнобанатски |
Површина | |
• Качарево | 38 км2 (15 ми2) |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011) | |
• Качарево | ▼ 7,100 |
• Густина | 201/км2 (520/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Поштенски број | 26212 |
Повик. бр. | +381(0)13 |
Регист. таблички | PA |
Качарево — град во Јужнобанатскиот округ во Војводина, Србија. Во градот во 2011 година живееле 7.100 жители. Качарево е град со значително македонско население, односно според пописот во 2002 година, во градот живееле 1.467 Македонци или 19,24 % од вкупниот број на жители.
Име
[уреди | уреди извор]Градот првично бил именуван со германското име Францфелд, изведено од австрискиот цар Франц I. На унгарски, градот бил познат како Francföld, Ferencfalva или Ferenchalom.
До 1918 година, тој бил познат на српски како Краљевиќево и Банатско Краљевиќево. По втората светска војна, населбата била именувна Качарево во чест на националниот херој Светозар Качар.
Географија
[уреди | уреди извор]Качарево се наоѓа на рамна и плодна рамница, приближно 11 километри северно од Панчево и 21 километар северозападно од Белград. Градот се наоѓа во Јужнобанатскиот округ, во автономната покраина Војводина, која се наоѓа во северниот дел на Србија. Градот се наоѓа на надморска височина од речиси 81 метар.
Најголема соседна општина е Панчево, но во регионот исто така се расфрлани други помали населенени места, слични во големина со Качарево, како Банатско Ново Село и Јабука.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот бил основан во 1791 година[1] од царот Леополд II и изграден во 1792 година од германски доселеници. До 1921 година населението вклучувало 4,450 Германци, кои сочинувале 97.7 проценти од вкупното население во тоа време. Тука исто така се наоѓал концентрационен камп за локалните граѓани од германско потекло држен од партизаните по втората светска војна.
По втората светска војна, градот бил колонизиран од Срби кои дошле од Босна, Краина, Лика, и Далмација и од Македонци кои дошле од Македонија.
Демографски податоци
[уреди | уреди извор]Попис од 1971 година
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1971 година, градот бил етички мешан, и Македонците сочинувале релативно мнозинство (41.13 %).
Попис од 2002 година
[уреди | уреди извор]Бројот на регистрирани жители во градот во 2002 година бил 7,624, во 2,529 домаќинства. Мнозинството жители биле Срби (5,042 или 66.13%), додека Македонците сочинувале 19.24% од населението или 1,467 луѓе. Околу осум проценти од населението се или бегалци или интерно раселени лица, како последица на војните во Косово и Босна.
Историско население
[уреди | уреди извор]Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1961 | 7.792 | — |
1971 | 8.088 | +3.8% |
1981 | 8.309 | +2.7% |
1991 | 8.103 | −2.5% |
2002 | 7.624 | −5.9% |
2011 | 7.100 | −6.9% |
Македонски родови во Качарево
[уреди | уреди извор]Во Качарево се населиле македонски родови од следните области и села во Македонија, населени во периодот од 1946 до 1956 година:
- Петровски (3 к.), Трајковски (1 к.), Алтишовски (1 к.), Тончовски (1 к.), Величковски (1 к.), Милковски (1 к.), Младеновски (4 к.), Атанасовски (4 к.), Младеновски (1 к.), Милковски (1 к.) и Милошевски (1 к.) доселени се од селото Баштево; Паневски (1 к.) и Крстевски (2 к.) доселени се од селото Борово; Лековски (3 к.), Веселин (1 к.), Додевски (3 к.), Цветан (1 к.), Цветковски (1 к.) и Јаќимовски (1 к.) доселени се од селото Габар; Бошковци (2 к.), Станко (1 к.), Атанас (1 к.), Велиновски (1 к.), Стојановски (2 к.), Цветковски (1 к.) и Станисавлевски (2 к.) доселени се од селото Голема Црцорија; Митиќи (1 к.), Риста (1 к.), Јошко (1 к.), Јован (1 к.), Јованче (1 к.), Ѓорге (1 к.), Гроздан (1 к.), Ѓеро (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се од селото Градец; Јаќимовиќи (1 к.) доселени се од селото Добровница; Санде (1 к.) доселени се од селото Дурачка Река; Бора (1 к.) и Владо (1 к.) доселени се од селото Жидилово; Цветановиќи (2 к.), Додиќи (1 к.), Величковиќи (1 к.), Стефановиќи (1 к.), Спасиќи (1 к.), Цветановиќи (2 к.), Величковиќи (1 к.), Велковиќи (1 к.), Митиќи (1 к.), Станковиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Јовчиќи (1 к.), Трапчиќи (2 к.), Цветковиќи (2 к.), Китановиќи (1 к.), Николиќи (2 к.), Петковиќи (2 к.) и Илиќи (1 к.) доселени се од селото Герман; Величковиќи (2 к.), Спасовски (1 к.) и Ристовски (1 к.) доселени се од селото Лозаново; Велковски (2 к.) и Крстиќи (1 к.) доселени се од селото Луке; Лешовски (5 к.) и Мијалко (1 к.) доселени се од селото Киселица; Крстевски (2 к.), Крстевски (2 к.), Цветановски (3 к.), Трајановски (1 к.), Љубен (1 к.), Додевски (2 к.), Симоновски (1 к.), Митковски (1 к.), Спасовски (1 к.), Тодоровски (2 к.), Павловски (1 к.), Спасовски (1 к.), Велин (1 к.), Пешевски (1 к.), Трајановски (1 к.), Крстевски (1 к.) и Ристовски (1 к.) доселени се од селото Конопница; Јаќимовиќи (1 к.), Цветковиќи (3 к.), Димитријевиќи (1 к.) и Јаќимовиќи (1 к.) доселени се од селото Крстов Дол; Стојановски (2 к.), Стојмир (1 к.), Насе (3 к.), Санде (1 к.), Стамен (3 к.) и Цоне (1 к.) доселени се од селото Мала Црцорија; Ѓоргиевски (1 к.) доселени се од селото Мартиница; Ѓоргевски (2 к.), Јаќимовиќи (1 к.), Станојини (3 к.), Доне (1 к.), Павловски (1 к.), Јовчиќ (1 к.), Јаќимовски (1 к.) и Миливоје (1 к.) доселени се од селото Метежево; Стојан (2 к.), Спасевски (3 к.), Игњат (2 к.), Станојко (2 к.), Трајко (1 к.), Славко (1 к.), Максим (1 к.) и Санде (1 к.) доселени се од селото Мождивњак; Савиќи (2 к.) и Митиќи (3 к.) доселени се од селото Нерав; Смилковиќи (2 к.), Стоилковиќи (1 к.), Петровиќи (2 к.), Китановиќи (2 к.), Стојановски (1 к.), Анѓеловски (4 к.), Јордановски (2 к.) и Величковиќи (1 к.) доселени се од селото Огут; Величковиќи (2 к.), Ристовски (3 к.), Павловски (2 к.), Анѓеловски (1 к.), Цекови (1 к.), Ангеловски (1 к.), Стоилковски (2 к.) и Младеновски (1 к.) доселени се од селото Осиче; Борис (1 к.), Славко (1 к.) и Игњат (1 к.) доселени се од некое село Острец?; Николовски (1 к.), Стаме (1 к.), Стоилковски (1 к.), Анѓеловски (1 к.), Петруш (1 к.), Стоилковски (1 к.), Ристовски (1 к.), Николовски (1 к.), Петковски (1 к.) и Бошко (1 к.) доселени се од селото Петралица; Ѓорге (1 к.), Манаско (1 к.), Бенко (1 к.), Стаме (1 к.), Трајо (1 к.), Васко (1 к.), Насте (1 к.), Тодос (1 к.), Стојановски (1 к.), Дувало (1 к.) и Марко (1 к.) доселени се од селото Псача; Ѓоргиевски (1 к.) доселени се од селото Трново; Стојановски (1 к.), Митовски (1 к.) и Ранев (1 к.) доселени се од селото Узем; Николиќи (1 к.), Анѓеловски (1 к.) и Илија (1 к.) доселени се од Крива Паланка.
Порече (Општина Македонски Брод)
- Попоски (1 к.) и Лешникоски (1 к.) доселени се од селото Бенче; Филипоски (1 к.), Савески (1 к.), Гаџески (1 к.) и Неделкоски (1 к.) доселени се од селото Битово; Матески (1 к.) доселени се од селото Брест; Видоески (2 к.) доселени се од селото Звечан; Душан (1 к.) доселени од Крушје (Горно или Долно); Давидоски (1 к.) доселени се од селото Манастирец; Станковци (1 к.) доселени се од селото Самоков; Маркоски (1 к.) и Дојчиноски (1 к.) доселени се од селото Растеш; Трајчески (1 к.), Стојкоски (1 к.), Змејкоски (1 к.), Блажески (1 к.) и Меноски (1 к.) доселени се од селото Сушица; Стојчески (1 к.), Иваноски (1 к.), Златаноски (4 к.), Крагујески (2 к.), Митаноски (2 к.) и Јанески (3 к.) доселени се од селото Томино Село; Брајкоски (1 к.) и Карафилоски (1 к.) доселени се од селото Тополница; Милосав (1 к.) и Слободан (1 к.) доселени се од селото Требовље.
- Митревски (1 к.) доселени се од селото Попадија; Петровски (2 к.) доселени се од селото Владиловци; Темелковски (2 к.), Јанковски (1 к.) и Петковски (2 к.) доселени се од селото Оморани; Антевски (2 к.), Најдовски (2 к.), Темелковски (2 к.), Дамјановски (1 к.), Николовски (1 к.) и Михајловски (1 к.) доселени се од селото Мокрени; Атанасовски (1 к.) и Адамовски (1 к.) доселени се од селото Ораов Дол; Петрушевски (1 к.), Ристовски (1 к.), Атанасовски (1 к.) и Петковски (1 к.) доселени се од селото Габровник; Дамјановски (1 к.) доселени се од селото Бистрица; Димитријевски (1 к.), Никола (1 к.) и Ацевски (1 к.) доселени се од селото Дреново; Николовски (1 к.) и Димовски (1 к.) доселени се од селото Степанци; Трајковски (2 к.), Алексовски (2 к.), Андоновски (1 к.), Михајловски (1 к.), Димитрија (1 к.) и Трајче (2 к.) доселени се од селото Капиново; Пановски (1 к.) доселени се од Велес.
- Божиновски (1 к.) доселени се од селото Бајловце; Јаќимовски (1 к.), Пешиќи (1 к.), Стефановиќи (1 к.), Јаќимовски (1 к.), Петровиќи (1 к.) и Јаќимовски (1 к.) доселени се од селото Длабочица; Стефановски (1 к.), Денковски (1 к.) и Јовановски (1 к.) доселени се од селото Добрача; Перо (1 к.) доселени се од селото Жељувино; Мициќи (2 к.) доселени се од селото Матејче; Пешевски (2 к.), Владо (1 к.), Јовановски (1 к.) и Тошиќи (1 к.) доселени се од селото Орах; Антоније (1 к.) доселени се од селото Тромеѓа; Стојановски (2 к.) доселени се од селото Цвиланце; Антон (1 к.), Тодоровски (1 к.), Денковски (1 к.), Ќиро (1 к.), Глигор (1 к.), Тошиќи (1 к.) и Илиевски (1 к.) доселени се од кумановско.
- Соколоски (2 к.) доселени се од селото Арилево; Најдоски (2 к.), Петкоски (1 к.), Стефаноски (3 к.), Мицко (1 к.), Богданоски (1 к.), Димитријески (2 к.), Крстески (2 к.) и Маркоски (1 к.) доселеи се од селото Долно Дивјаци; Стефаноски (1 к.) и Аврамоски (1 к.) доселени се од селото Горно Дивјаци; Трајковци (1 к.) доселени се од селото Слоештица; Ристоски (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се од селото Селце.
- Алексиоски (3 к.), Аврамоски (1 к.) и Бумбалески (1 к.) доселени се од селото Мешеишта; Јаковчески (1 к.) доселени се од селото Злести; Трајчески (1 к.) доселени се од селото Врбјани; Трајчески (1 к.), Климески (1 к.), Дамјан (1 к.) и Златкови (1 к.) доселени се од Охрид.
Мала Преспа (денес во Албанија)
- Костовци (5 к.) и Трајкоски (4 к.) доселени се од селото Леска; Колески (2 к.) доселени се од селото Пустец.
- Мојсоски (1 к.) и Брајкови (1 к.) доселени се од селото Козица; Гогоски (3 к.), Вељаноски (1 к.) и Стаменкоски (1 к.) доселени се од селото Брждани; Дамјаноски (3 к.) доселени се од селото Прострање.
Полог (Гостиварско и Тетовско)
- Милевиќи (3 к.), Ралевци (2 к.) и Попоски (1 к.) доселени се од селото Дуф; Димитријевиќи (1 к.), Јаковлевиќи (1 к.) и Николовски (1 к.) доселени се од Тетово.
Тиквеш (кавадаречко, неготинско и демиркаписко)
- Цветковиќи (1 к.) и Златановиќи (2 к.) доселени се од селото Тимјаник; Арсовски (1 к.), Крсте (1 к.) и Серафин (1 к.) доселени се од селото Сирково; Витановски (1 к.) доселени се од Тиквеш.
- Дончески (1 к.), Петкоски (1 к.), Атанасоски (1 к.) и Дончески (1 к.) доселени се од селото Десово; Станоески (1 к.) доселени се од селото Дебреште; Трајковски (1 к.) доселени се од битолско.
- Котевски (3 к.), Карапалевски (2 к.) и Гроздановски (1 к.) доселени се од селото Лева Река; Стефановски (1 к.) доселени се од селото Асамати.
- Џукиќи (1 к.) доселени се од селото Кучково.
- Петрови (1 к.) доселени се од селото Ума; Петковски (1 к.) доселени се од гевгелиско.
- Симкоски (3 к.) доселени се од селото Долна Белица.
Во Качарево има уште 30 семејства доселени од Македонија, но со непознато потекло.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главното занимање на луѓето во градот е земјоделството, како и во многутте други локални населби. Сепак, многу од жителите во градот, исто така, работат во фабрики во соседниот град Панчево.
Фестивал
[уреди | уреди извор]Градот е познат по фестивалот за сланина наречен „Сланинијада“, кој е организиран од Туристичката асоцијација на Качарево. Фестивалот првпат бил организиран во 1988 година и се одржува секоја година во претпоследната недела од месец февруари.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Слободан Ќурќиќ, Broj stanovnika Vojvodine, Нови Сад, 1996.
- ↑ „Foundation certificate“.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). О послератном насељавању становништва из НР Македоније у три банатска насеља, Јабука, Качарево и Глогоњ. Нови Сад: Матица Српска.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Качарево“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место - www.kacarevo.org.rs Архивирано на 6 јануари 2020 г.
- Сателитска мапа на Wikimapia
- Гугл сателитска мапа на Maplandia
|