Козица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Козица
Козица се наоѓа во Македонија
Козица
Местоположба на Козица во Македонија
Координати 41°25′10″ СГШ 20°55′59″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Општина Кичево
Население 82 жит.
Надм. вис. 812 м
Карта на општина Другово со селските атари.

Козица е село во Општина Другово, на околу 13 километри од Кичево. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 82 жители.Негови соседни села се:Свињишта, Белица, Кладник и Турје.Во селото живее Православно население,а селска слава се слави Св.Петка, според истоимената црква.А поради преголемата благодарност до храбрите востаници, од време на османлиската туртура врз македонскиот народ се празнува и 2 Август "Илинден".

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Козица се наоѓа во областа Долна Копачка, на реката Белица.Во селото има две чешми "клајнци" со природна минерална вода, а во атарот на селото се наоѓа и извор со природна минерална кисела вода.Во селото има 2 пештери, а во една од нив има истражувано и друштвото на истражувачи од Битола "Бистра".Во десниот влез на пештерата" Динчејца" каде и се има истражувано има сталагмити, сталагдити и пердиња високи и по 5 метри.Во селото се одгледуваат и земјоделски производи од типот на:компир, пленка, житни култури, овошје и зеленчук.Се одгледува и добиток,има:коњи,кози, крави,кокошки,магариња,свињи,патки и домашни миленичиња. Има околу 150 куќи и 90тина стални жители.Опколена е со средно висински планини.А може да се пофали со доста природни богатства од минерални води до планини со бујна вегетација.Селото Козица е исто познато по квалитетниот природен мед.Селскиот туризам е достапен преку импровизираниот музеј во приватна куќа и меаната во селски амбиент и речна пастрмка, свежо уловена од Беличка река "Роден крај" непосредно пред влезот во селото.Ловот и риболовот се главна атракција во селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 31 домаќинства со 118 жители христијани (Македонци).[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 585 жители христијани (Македонци).[2]Селото Козица, е населено од страна на сточари кои одгледувале добиток по планинските пасишта близу денешно село Козица.Според податоците на постарите мештани во селото, легендата на ова село доаѓа со уништувањето, на старо, сега не населено соседно село Лакајца(во моментов археолошко одредиште од бронзено време).Легендата за ова село е дека еден овчар од селото Лакајца го пасел своето стадо на пасишта во денешно село Козица.Девојка била испратена да му однесе храна и вода на сточарот.Незнаејќи што ќе се случи, кога таа ќе замине од селото за да ја однесе храната кај сточарот.Селото Лакајца било запалено од тогашните поробувачи, а девојката останала и зачнала семејство со сточарот во денешно Козица.Се хранеле со природните "блага" и со производите од стоката. Тоа секако е една интересна легенда за селото.Името на селото Козица е типично и прецизно објаснето.Во Козица и до ден-денес заштитен знак е козата, а исто така и најопеаниот војвода од времето на поробена Македонија од османлиско ропство Јордан Силјанов Пиперката.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Козица живеат 82 жители, сите Македонци.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]