Дурачка Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дурачка Река
Поглед на Дурачка Река.jpg

Улица низ селото

Дурачка Река is located in Македонија
Дурачка Река
Местоположба на Дурачка Река во Македонија
Координати 42°11′2″N 22°21′36″E / 42.18389° СГШ; 22.36000° ИГД / 42.18389; 22.36000Координати: 42°11′2″N 22°21′36″E / 42.18389° СГШ; 22.36000° ИГД / 42.18389; 22.36000
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Област Дурачка Река
Население 290[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Надм. вис. 973 м
Слава Света Троица
Commons-logo.svg Дурачка Река на Ризницата


Дурачка Река — село во областа Дурачка Река, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на маала на селото Дурачка Река

Селото се наоѓа во областа Дурачка Река, во југоисточниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, на неколку километри оддалеченост од градот Крива Паланка, поради што припаѓа на неговата рурбална зона. Неговиот атар се издига високо на Осоговските Планини.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 800 до 1.140 метри.[2]

Дурачка Река се наоѓа југоисточно од градот Крива Паланка, во долината на истоимената река.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Клисура, Кошарски Дол, Вигње, Самоков, Самоковски Дол, Шупљи Камен, Лазовски Дол, Долишта, Шоповски Дол, Заградски Дол, Срчово и Којдумски Дол.[3]

Селото има особен разбиен тип. Се разликуваат маала кои се именувани по родовите, па така има маала колку и родови, односно 14.[3]

Средишно маало е Меанџиското, каде се сместени училиштето, задружниот дом и селските гробишта.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Раширено е мислењето дека селото е едно од најстарите села во околината на Крива Паланка. По народното предание, селото има тешки и добри периоди, но никогаш не пропаднало. На месностите Самоков, Самоковски Дол и Вигње се сретнуваат старини. На месностите Самоков и Вигње се сретнувале остатоци од рударството во овој крај. Рударските и топилничарските работи во селото престанале во средината на XIX век.[3]

Познатиот Осоговски манастир имал поседи на атарот на селото до Втората светска војна, кога земјиштето било предадено на селаните. Тоа било најплодната земја во селото, а името е зачувано и денес, познато како Метов од „метох“.[3]

Во XIX век, Дурачка Река било село во Кривопаланечка каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е голем и зафаќа простор од 25 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.242,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 690,8 хектари, а на обработливото земјиште 475,6 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Мештаните на повисоките маала на селото имаат идеални услови за сточарство и шумарство. Во минатото, на осоговските пасишта биле подигнувани колиби.[3]

Селото е препознатливо и по своите валавници. Во минатото постоеле шест: четири во Валјавичарското Маало и по една во Метовското и во Шоповското Маало.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дурачка Река имало 510 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Дурачка Река имало 688 жители, егзархисти.[5]

По Првата светска војна селото било седиште на истоимената општина и имало 569 жители.[6]

Дурачка Река е средно село по големина, но со преполовен број на жители. Така, во 1961 година селото броело 715 жители, а во 1994 година 363 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Дурачка Река живееле 290 жители, од кои 289 Македонци и 1 Влав.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 510 688 857 936 715 654 465 377 363 290
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Дурачка Река е село со македонско православно население, кое главно е старинско, но има и доселеници.[3]

Родови во Дурачка Река се: Качарци (3 к.) и Келевци (3 к.), потекнуваат од еден предок; Самарџици (6 к.), живеат во горниот дел на селото; Валјавичарци (8 к.), сместени во долината на Дурачка Река, во посебно маало, каде поседуваат валавници; Метовци (10 к.), сместени во истоименото маало; Шопевци (4 к.), името го добиле бидејќи дошле негде од Шопско; Коријанци (10 к.), го добиле името бидејќи маалото им се наоѓа опколено од кории; Меанџици (9 к.), името го добиле по предокот, кој имал прекар Меанџија; Рачичани (4 к.), Којдунци (4 к.), Пладништани (3 к.), Лекови (3 к.), Ќусини (7 к.), Заградци (5 к.), Новаковци (6 к.), Рајковдолци (5 к.) и Студендолци (2 к.).

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на подрачното основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Дурачка Река, во која влегувале селата Б’с, Дренак, Дурачка Река и Станци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0956 според Државната изборна комисија.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 275 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[12]
Споменици на културата

Во селото Дурачка Река според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласен е 1 објект за споменик на културата и со тоа за културно наследство на Македонија:

Реки[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Духовден — главна селска слава, иако некои маала си одбележуваат и други празници

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото, по Првата светска војна, а најмногу по Втората светска војна се отселиле многумина. Се смета дека се отселиле околу 50 домаќинства. Иселеници се сретнуваат во овчеполските села (Џумајлија и Каратманово), во Банат (Јабука) и во градовите Скопје и Крива Паланка.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 5 мај 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 118. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 2 јуни 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 3,9 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 325-328. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 2 јуни 2019. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 2 јуни 2019. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 28. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]