Осиче (Кривопаланечко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Осиче
Put u selu Osiče.jpg
Осиче is located in Македонија
Осиче
Местоположба на Осиче во Македонија
Координати 42°15′00″N 22°18′29″E / 42.25000° СГШ; 22.30806° ИГД / 42.25000; 22.30806Координати: 42°15′00″N 22°18′29″E / 42.25000° СГШ; 22.30806° ИГД / 42.25000; 22.30806
Општина Општина Крива Паланка
Население 51 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1330
Надм. вис. 1024 м

Осиче е село во Општина Крива Паланка.

Географијa и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Осиче се наоѓа на север од градот Крива Паланка. Атарот на селото зафаќа површина од 13,24 квадратни километри. На север се граничи со селото Подржи Коњ, на североисток со селото Добровница, на исток со селото Киселица, на југ со селото Дрење, на југозапад со селото Градец и на запад со селото Габар.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, селото има вкупно население од 51 жители.

Родови[уреди | уреди извор]

Осиче е македонско село.

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Девеџици (6 к.), Клинчарци (4 к.), Џогановци (4 к.), Великовци (7 к.) и Ченгинци (5 к.)
  • Доселеници: Баратлијци (7 к.) не се знае од кај се. Имаат истоимени роднини во некои околни села; Дубровници (5 к.) и Г. Црцорци (8 к.) овие во Осиче, и тие во Голема Црцорија се гранка од родот Баратлици во селото Добровница; Каранфиловци (5 к.), Алишавци (2 к.) и Џанговци (3 к.) не се знае од каде се; Качарци (3 к.) доселени се после 1912 година од селото Подржи Коњ; Подржикоњци 1 (3 к.) и Подржикоњци 2 (3 к.) доселени се од селото Подржи Коњ. Во првиот род се доселиле браќата Анѓелко и Ѓорге, а во вториот Милан и Златан.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Осиче има многу иселеници. Некои се колонизирани во Банат (Војводина) Јабука, Глогоњ, Качарево (10 семејства). Селото Вирче кај Делчево (6 семејства). Други во Крива Паланка (6 семејства) и во Скопје. Ангеловци се иселиле во селото Лозаново. Станковци, Спасовци, Дојчиновци, Величковци и Лековци се иселиле во селото Мородвис кај Кочани. Јаќимовци и Анѓеловци иселени се во селото Видовиште кај Кочани. Осиќанци и Ристинци се иселиле во селото Огут. Четири семејства се иселени во селото Горобинци во Овче Поле (светиниколско).[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.