Кривопаланечка каза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Vk kaza31.jpg

Кривопаланечка каза била каза во Македонија во состав на Отоманската Империја, третостепена административно-управна единица, која постоела во 19 век. Била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает). Центарот на казата бил во Крива Паланка, каде што престојувал османлискиот чиновник кајмакам. Географски ги опфаќала областите околу сливот на Крива Река, а покрај административниот центар, опфаќала 47 села. Кривопаланечката каза била една од најмалите кази во царството, а етнички една од најкомпактните, бидејќи во казата живееле речиси само Словени, а муслимани имало само во Крива Паланка, од кои речиси сите биле Турци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]