Прејди на содржината

Подржи Коњ

Координати: 42°18′25″N 22°15′47″E / 42.30694° СГШ; 22.26306° ИГД / 42.30694; 22.26306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Подржи Коњ

Поглед на селото

Подржи Коњ во рамките на Македонија
Подржи Коњ
Местоположба на Подржи Коњ во Македонија
Подржи Коњ на карта

Карта

Координати 42°18′25″N 22°15′47″E / 42.30694° СГШ; 22.26306° ИГД / 42.30694; 22.26306
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Горна Пчиња
Славиште
Население 45 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1334
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15043
Надм. вис. 1.050 м
Слава Спасовден
Подржи Коњ на општинската карта

Атарот на Подржи Коњ во рамките на општината
Подржи Коњ на Ризницата

Подржи Коњ — село распослано во областите Горна Пчиња и Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

За потеклото на името се верува дека некој Турчин дошол во селото и му дал на некој селанец да „му го подржи коњот“, а тој заминал да пие вода. Но, селанецот избегал со коњот.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областите Горна Пчиња и Славиште, во северниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, чиј атар се допира со државната гранична линија со Србија.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 1.000 до 1.280 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 11 километри.[3]

Селото е поделено на две половини, па така едната половина куќи се наоѓаат на западната падина на планината Ретки Буки во сливното подрачје на Пчиња, а другата половина на источната падина на планината Ретки Буки во сливното подрачје на Крива Река. Околни села се Луке на север и Крстов Дол на исток.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Гарваница, Вадина, Присоје, Ретки Буки, Крст, Преслап, Китка, Градиште, Говедарски Чуки и други.[2][4]

Селото е од разбиен тип. Постојат пет маала во сливот на Крива Река: Средно, Присојарско, Мисинско, Стеваноско и Шиндарско.[4] Во сливот на Пчиња постојат четири маала: Павловци, Спасинци, Говеѓак и Љубарци.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Градиште се наоѓа на Чупино, близу месноста Говердарски Чуки, каде мештаните изорале повеќепати цигли.[2]

Селата Луке, Крстов Дол и Подржи Коњ се верува дека спаѓаат во поновите села во областа, основани од доселеници од друго место. Најпрвин, на почетокот на XIX век е основано Луке, а подоцна и другите две села.[4]

Меѓутоа, постоело и старо село Подржи Коњ, кое било споменато во текот на XVI век како дервенџиско село со 38 христијански домаќинства.[4] Ова село поседувало и две цркви, кои сега не постојат. Едната се наоѓала во денешното маало Спасинци, каде се познаваат камени ѕидови, а другата се наоѓала на месноста Ретки Буки, каде се наоѓаат ѕидини и камен крст.[2]

Денешното село било обновено три рода, доселени од некаде. Тоа биле Парејци, Павловци и Мишинци. Првите два рода се населиле во сливот на Пчиња, а третиот род се населил во сливот на Крива Река.[2]

Во XIX век, Подржи Коњ било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 22,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 912 хектари, на шумите отпаѓаат 689 хектари, а на пасиштата 271 хектар.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948720—    
1953847+17.6%
1961740−12.6%
1971648−12.4%
1981386−40.4%
ГодинаНас.±%
1991196−49.2%
1994183−6.6%
2002116−36.6%
202145−61.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подржи Коњ имало 800 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Подржи Коњ имало 920 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[7]

Од селото се иселил значителен број на населението и тоа преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 740 жители, од кои 719 биле Македонци, а 16 жители Срби. Во 1994 година бројот се намалил на 183 жители, а селото е населено само со македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Подржи Коњ живееле 116 жители, од кои 114 Македонци и 2 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 37 Македонци и 8 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 800 920 720 847 740 648 386 196 183 116 45
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Подржи Коњ е македонско село со родови кои потекнуваат од доселените предци, кои дошле во селото во XIX век. Сите родови дошле од областа Горна Пчиња.[4]

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[2]

  • Доселеници: Парејци (1 к.), се сметаат за најстар род, не го знаат своето потекло, живеат во маалото Спасинци; Павловци (7 к.), еден од најстарите родови, не го знаат своето потекло; Спасинци (4 к.), потекнуваат од основачот на родот Спасо кој се доселил од селото Луке, овде се доселил пред околу 220 години; Дедо-Анѓелковци (2 к.), доселени од некаде, куќите им се во маалото Говеѓак; Ивановци (5 к.), не го знаат потеклото, живеат во маалото Говеѓак; Симоновци (3 к.), куќите им се наоѓаат во маалото Говеѓак и Љубарци (2 к.), доселени од некаде, но не знаат од каде, живеат во Говеѓак.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Вукадиновци (1 к.); Јиргуци (1 к.); Грци (2 к.); Анѓелковци (5 к.); Џугуљиновци (3 к.); Спасинќи (8 к.); Павловци (7 к.); Богдановци (3 к.); Соколовци (8 к.); Милковци (3 к.); Борисовци (4 к.); Пуневци (7 к.); Стевановци (1 к.); Селиштарци (3 к.); Ѓоргијци (2 к.); Тоневци (1 к.); Павлевци (3 к.); Ѓоргичевци (3 к.); Јаќимовци (1 к.); Шиндарци (7 к.) се делат на Качарци, Ѓоргијинци и Мицковци; Станојци; Стевановци (16 к.) се делат на Стевановци, Милковци и Давидовци; Илијинци; Ѓочинци (3 к.)
  • Доселеници: Петковци (3 к.), Цветковци (3 к.) и Ѓоргинци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде; Димчинци (4 к.) доселени се во 1833 година од селото Луке. Таму припаѓале на родот Баба Станиновци; Џогановци (4 к.) доселени се околу 1863 година од селото Осиче; Ливадарци (4 к.) доселени се околу 1878 година од селото Луке. Таму имале роднини (Долинарци).[14]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на подрачното основно училиште „Јоаким Крчовски“
Дел од училиштето се користи како гласачко место за време на избори

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Добровница, во која покрај селото Луке, се наоѓале и селата Голема Црцорија, Добровница, Крстов Дол, Мала Црцорија и Подржи Коњ. Селото било дел од некогашната општина Луке, која постоела во периодот 1950-1952 и тогаш во нејзе се наоѓале селата Луке и Подржи Коњ.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0980 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Подржи Коњ
Починати во Подржи Коњ

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

По заминувањето на Турците, родовите Подржикоњци I (3 к.), Подржикоњци II (3 к.) и Качарци (3 к.) заминале во селото Осиче. По Втората светска војна се зголемило иселувањето од селото кон градовите. Родовите Димитрови (1 к.) живеат во Видовиште кај Кочани; Деда-Стоевци (2 к.) живеат во Ѓуземелци во Овче Поле; Станоески (2 к.) живеат во Макреш кај Куманово; Стојанчеви (5 к.), Боркови (3 к.) и Маринци (3 к.), живеат во Клечевце кај Куманово.[4]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 190–192.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 238. Посетено на 27 јули 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1968). Кривопаланачка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 262–263.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 јули 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 јули 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 27 јули 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]