Ѓуземелци
Ѓуземелци | |
Координати 41°49′41″N 21°52′33″E / 41.82806° СГШ; 21.87583° ИГДКоординати: 41°49′41″N 21°52′33″E / 41.82806° СГШ; 21.87583° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 40 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2208 |
Шифра на КО | 24012 |
Надм. вис. | 372 м. м |
![]() |
Ѓуземелци — село во Општина Лозово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 40 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Овче Поле, на околу 6 км источно од Лозово.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 135 Македонци.[1] Според Димитар Мишев, селото имало население од 144 христијани.
- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква од XVI век;
- Црква „Св. Илија“;
- Црква „Вознесение Христово“;
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 40 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 40 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Ѓуземелци е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
- Доселеници: Ганевци (4 к.), Митковци (3 к.) и Куличкови (2 к.) стари доселеници со непознато потекло; Тасеви (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Чекови (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Горобинци. Таму биле староседелци; Мрлевци (4 к.) доселени се во XIX век од селото Кадрифаково. И таму се доселиле однекаде; Саневи (2 к.) доселени се од селото Сопот; Бабаич Стојан (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино; Миланови (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино. Таму припаѓале на родот Теофци. На тој род припаѓал и претходниот род; Орданови (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Делисинци; Портар (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Кнежје. Таму биле доселени од Сарамзалино, каде припаѓале на родот Теофци; Ничеви (3 к.) доселени се од селото Немањици. Таму биле староседелци; Доневи (3 к.) исто така доселени од Немањици, каде припаѓале на некој староседелски род; Дедо-Стојеви (2 к.) доселени се во 1947 година од селото Подржи Коњ кај Крива Паланка; Ристо Марков (1 к.) домаќинот на семејството имал мајка мажена во некое кочанско село со некој Турчин. Во тој брак се родило дете. Подоцна комитите, мајката и детето ги префрлиле во селото Сопот, и тука она се премажила. Ристо прешол во Ѓузумелци; Анѓелови (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Горобинци. Подалечно потекло од Кривопаланечко; Атанасови (1 к.) и они се доселени од Горобинци. Подалечно потекло од Кривопаланечко; Стојанови (1 к.) доселени се во 1957 година од селото Конопница кај Крива Паланка.[3]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1712 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Ѓуземелци на Карти на Гугл