Кнежје
Кнежје — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Овче Поле, оддалечено 4 километри југозападно од Свети Николе.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Штипската каза, нахија Свети Николе, во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Кнежје имало 360 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Кнежје имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Селото броело 205 жители во 1961 година, додека во 1994 година има само 71 жител.
Според пописот од 2002 година, селото Кнежје има 86 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360[1] | 240[2] | 309 | 316 | 205 | 140 | 101 | 76 | 71 | 86 |
Родови[уреди | уреди извор]
Кнежје е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
- Доселеници со непознато потекло: Башлинци (2 к.) родот го основал предокот Славко кој се доселил однекаде околу 1818 година; Гочевци (2 к.), Чалевци (3 к.), Атанасовци (3 к.) и Унковци (8 к.).
- Доселеници со познато потекло: Пиковци (5 к.) доселени се од некое место во прилепско.Основачот на родот кој се доселил се викал Ѓорге; Кралевци или Лишковци (2 к.) доселени се од некое село во кривопаланечко. Доселени се во првата половина на XIX век. Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 66 г. во 1958 година) Тиме-Крало-Здраве, кој се доселил; Китановци (2 к.) доселени се од Ерџелија или Мустафино. И таму биле доселени однекаде; Здравковци (2 к.) доселени се од некое село во штипско; Портарци (3 к.) доселени се од селото Сарамзалино. Таму припаѓале на родот Теофци кој бил доселен однекаде; Ристевци (2 к.) и Ордевци (1 к.) доселени се во турско време од селото Горобинци каде биле староседелци; Говедарци или Чалмарци (1 к.) доселени се од некое место во Тиквеш; Маневци (1 к.) и Тошевци (1 к.) доселени се од Горно Црнилиште, и таму биле доселени однекаде; Донче (1 к.) дошол како домазет од селото Преод. Таму припаѓал на родот Ристевци чие потекло е непознато.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1685 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 61 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Колеви се целосно иселени од селото. Иселеници има во Стањевци (Петканци), Џидимирци кај Велес (Шутевци).[5]
Иселеници има и во Скопје (од родовите Портарци, Маневци, Атанасови и Ордеви).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 232.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Трифуноски, Јован (1962). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |