Милино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милино
Милино is located in Македонија
Милино
Местоположба на Милино во Македонија
Координати 41°48′18″N 21°52′14″E / 41.80500° N; 21.87056° E / 41.80500; 21.87056Координати: 41°48′18″N 21°52′14″E / 41.80500° N; 21.87056° E / 41.80500; 21.87056
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Lozovo Municipality.svg Лозово
Население 334 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2208
Шифра на КО 24023, 24523
Надм. вис. 318 м. м
Милино на општинската карта
Милино во Општина Лозово.svg

Атарот на Милино во рамките на општината

Милино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, недалеку од патот Велес - Штип, познат како магистралниот пат А 3.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западниот дел на областа Овче Поле, на 4 километри западно од општинскиот центар Лозово, 15 километри североисточно од Велес и 28 километри југозападно од Свети Николе.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 740 Турци.[1] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 334 жители, од кои 241 Македонец, 33 Албанци, 19 Турци, 1 Влав, 4 Срби, 14 Бошњаци и само 22 останати.[2]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.104
1953 10 1.224 1.234
1961 55 195 341 11 134 736
1971 111 51 153 1 123 439
1981 222 60 13 6 157 458
1991 251 43 21 1 73 389
1994 252 51 19 1 2 45 370
2002 241 33 19 1 4 14 22 334

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото:

Турски

  • Доселеници: Ибишалар (1 к.), Еминалар (1 к.), Араплар (1 к.), Домазетлер (2 к.), Мусалар (1 к.), Кадирлар (2 к.), Алитлар (4 к.), Енчелер (2 к.), Чилолар (3 к.), Нурчелер (2 к.), Такишилер (1 к.), Нарчелер (2 к.) и Акчелер (1 к.). Првите три рода најстари доселеници во селото. За кои претпоставуваат дека се доселени во средината на XVIII век. Другите се доселиле подоцна. За родот Араплар се наведува дека бил од Арабија.

Бошњаци

  • Доселеници: Се доселиле од 1954 до 1958 година. Се доселиле од околината на Плевља (45 семејства). Од тамошните села Бурковица, Бољаница, Потпреќе, Поблача и Мељак. Од околината на Фоча (15 семејства) поголемиот дел од тамошното село Слатина. Од околината на Препоље (20 семејства). Од околината на Нови Пазар (10 семејства), од тамошното село Нова Пољана, и др. Сепак многумина од нив подоцна се иселиле во Турција.

Албански

Роми

  • Доселеници: Доселени се од 1954 година па натака. Од околината на Лесковац (3 семејства), кои зборуваат на албански јазик.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1711 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 246 гласачи.[6]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Секоја година на ден Велигден, Милино ја слави својата селска слава, на која сите иселеници се враќаат дома за да се видат со своите роднини и пријатели.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта
Спорт

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Стари македонски и православни ромски родови иселени од ова село има во селото Судик и во градот Велес. Сепак најголеми се иселувањата на Турците. Од ова село се имаат иселено преку 177 турски семејства. Потомците на иселените Турци од ова село живеат главно во Измир (околу 90 %), а во помал дел во Истанбул и Лилебургас. Има и сосема иселени турски родови, како Чамелет, Иболар, Дестанлар, Алимлар и други.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  4. 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  5. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. Освет на камен темелник за нова црква

Надворешни врски[уреди | уреди извор]