Аџиматово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аџиматово
Аџиматово is located in Македонија
Аџиматово
Местоположба на Аџиматово во Македонија
Координати 41°48′02″N 21°56′27″E / 41.80056° N; 21.94083° E / 41.80056; 21.94083Координати: 41°48′02″N 21°56′27″E / 41.80056° N; 21.94083° E / 41.80056; 21.94083
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Lozovo Municipality.svg Лозово
Население 74 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2227
Шифра на КО 24041
Надм. вис. 269 м. м
Аџиматово на општинската карта
Аџиматово во Општина Лозово.svg

Атарот на Аџиматово во рамките на општината


Аџиматово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Овче Поле. Аџиматово се наоѓа на 4 км источно од Лозово.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Аџиматово имало 175 жители, сите Македонци.[1]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, селото имало 116 Турци.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 74 жители. Следува табела на националната структура на населението:[3]

Националност Вкупно
Македонци 74
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 153
1953 66 100 ... 166
1961 147 ... ... ... 1 148
1971 151 ... ... 151
1981 124 ... 124
1991 103 103
1994 72 72
2002 74 74

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата од 1956 година, родови во селото

Турски

  • Доселеници: Фазлиовци (2 к.), Исмаил Максут (1 к.) и Коџа Елмас (1 к.) остаток од некогашните побројни турски родови. Но во поново време и тие се иселени од селото.

Македонски

Албански

  • Доселеници: Лиман (1 к.), Ислам (1 к.) и Дине (1 к.) доселени се во 1954 година од Косово.[5]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1705 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 48 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од 1912 до 1958 година од селото се иселени 33 турски семејства. Они припаѓале на родовите Алиловци и Ѓулалиловци, во 1956 целосно иселени, и од родот Фазлиевци. После истражувањата вршени во селото се иселиле и другите Турци. Така денес во селото нема Турци. Потомците на иселените Турци се наоѓаат во Измир, и во населеното место Дургут, во близина на Измир.

Од старите Македонци во селото се знае за иселените Глигорови, во 1927/28 година се иселиле во Ерџелија.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  2. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]