Прејди на содржината

Аџибегово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аџибегово
Аџибегово во рамките на Македонија
Аџибегово
Местоположба на Аџибегово во Македонија
Аџибегово на карта

Карта

Координати 41°45′37″N 21°59′7″E / 41.76028°N 21.98528°E / 41.76028; 21.98528
Регион Вардарски
Општина Лозово
ОбластОвче Поле
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2227
Повик. бр.032
Шифра на КО24040
Надм. вис.255 м
Аџибегово на општинската карта

Атарот на Аџибегово во рамките на општината
Аџибегово на Ризницата

Аџибегово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во југоисточниот дел на територијата на Општина Лозово, чиј атар се граничи со подрачјето на Општина Штип.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 255 метри.[2] Од селото Лозово, селото е оддалечено 7 километри.

До селото води земјен пат, кој започнува пред селото Делисинци.

Аџибегово е мало село сместено во клисурската долина на Светиниколска Река, непосредно пред нејзиното устие во Брегалница. Околни села се Делисинци на североисток и Ќоселари на северозапад. Во минатото, водата за пиење доаѓала од една чешма.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Сивритепе, Ѓуј-Каршиси, Орта-Ул, Јески-Кашла, Оџаевлери, Балардузи, Паша Дермен, Јарбаш, Чучук-Падина, Карши-Баала, Тилки, Коџа-Потка, Ѓујбашина, Ченгенјоли и Ќумурџик.[3]

Селото има збиен тип, поделено на Горно (Јокари) и Долно (Ашаја) Маало.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Аџибегово е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци на некропола на наоѓалиштето Могила.[4]

Според преданието, денешното село е основано од малоазиски доселеници во отоманско време. Меѓу тие доселеници бил и некојси Аџи-бег, по кој е именувано селото.[3]

По отпочнувањето на Балканските војни во 1912 година, мештаните привремено се повлекле во Велес и во соседното поголемо село Дорфулија. Сите куќи во селото биле запалени. По војната, Турците се вратиле и ги обновиле домовите.[3]

Сѐ до 1925 г. Аџибегово било чисто турско село, кога неколку семејства се иселиле оттаму во Турција. На нивно место се населиле номадски сточари Власи (3 к.). Подоцна се доселиле повеќе влашки домаќинства во 1935/6 г. (околу 12 к.) и во периодот 1954-1956 г. Во 1954 година, пред целосно да се исели, турското население во Аџибегово броело 45 куќи. Дел од родовите се викале Ибишовци, Ќоралиловци, Исмаил Деде, Сулејман Деде, Бељуљ Чауш итн. Последните Турци заминале за Турција во 1958 г.[3]

Во Аџибегово имало една џамија и две турски гробишта. Џамијата се срушила во 1955 г. Сега од неа се видливи само ѕидовите. Споменатите гробишта лежат лево од реката. Секое турско маало имало посебни гробишта.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа површина од 16,9 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.119 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 264 ха.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948326    
1953370+13.5%
1961234−36.8%
1971111−52.6%
1981    
ГодинаНас.±%
1991    
19945    
20025+0.0%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аџибегово живееле 260 жители, сите Турци.[5]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Аџи Бегово живееле 162 жители, сите Турци.[6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџибегово (Hadžibegovo) како турско село.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[8]

Во 1961 година населбата броела 234 жители, од кои 10 биле Албанци, еден Турчин и 22 жители други. Во 1994 година, бројот на населението се намалил само на пет жители.[2]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 260 326 370 234 111 5 5 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Во време на истражувањата вршени во селото во периодот 1957-58 година, селото Аџибегово било чисто влашко село.

Родови во селото биле:

  • Доселеници: Шуте (1 к.), Кајмакан (2 к.) и Тафо (3 к.) се доселиле во 1925 година, првиот род од селото Мездра, а другите два рода претходно биле сточари номади, во лето само престојувале во местото Калин Камен, Кривопаланечко; Атанасовци (3 к.), Костовци (3 к.), Нако Косто (2 к.), Ѓорги Зико (1 к.), Атанас Ѓоргијов (1 к.) и Штерјо Ѓоргијов (1 к.) доселени биле во 1935 година, до спомената година од биле сточари номади; Ташко Ѓоргијев (2 к.) и Санде Наков (1 к.) се доселиле во 1936 година, до споменатата година и они биле сточари номади, преку лето само престојувале на Калин Камен; Никола Гудов (1 к.), Коле Тиков (1 к.), Атанас Јанков (1 к.) и Штерји Мишов (1 к.) доселени се во 1954 година, првите два рода од селото Оморани, Азот, третиот род од селото Лепопелци, Кочанско, а четвртиот род од Калин Камен; Косто Апостолов (1 к.) доселен од Калин Камен во 1950 година; Јанко Паризов (1 к.) доселен во 1952 година од селото Софилари; Калчо Костов (1 к.) доселен во 1955 година од селото Коњух; Ванѓел Јанаќиев (1 к.) доселен во 1955 година од селото Мездра; Никола Ѓоргијов (1 к.) доселен во 1956 година од селото Мечкуевци.[3]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Порано ова населено место било чисто турско. Но потоа сите Турци се иселиле во Турција. Од ова село се имаат иселено преку 30 семејства, и тоа претежно во Измир и Одрин.[3]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Аџибегово било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Лозово, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Лозово.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Џумајлија во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Аџибегово, се наоѓале и селата Амзабегово, Богословец, Буриловци, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Мустафино и Пеширово. Селото припаѓало на Општина Амзабегово во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште и Пеширово.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1707 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Ќоселари.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Ѓаволскиот Ѕид
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Могила — могила-некропола од доцноантичкото време и средниот век
  • Шарланди — средновековна населба и некропола
Природни реткостки
Џамии[3]

Во минатото во селото постоела џамија

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 14-15. Посетено на 10 декември 2025.
  3. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина. Скопје. стр. 669–670.
  4. 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 346. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]