Сарамзалино
Сарамзалино | |
Координати 41°47′20″N 21°56′31″E / 41.78889° N; 21.94194° EКоординати: 41°47′20″N 21°56′31″E / 41.78889° N; 21.94194° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 118 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2227 |
Шифра на КО | 24032 |
Надм. вис. | 251 м. м |
Сарамзалино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Овче Поле, на 3,5 километри источно од Лозово, 15,5 километри југозападно од Свети Николе и 25 километри северозападно од Штип.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 180 Македонци.[1] Според Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 104 Македонци христијани.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 118 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 116 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Сарамзалино е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
- Доселеници: Андоновци (3 к.), Китановци (1 к.), Темелковци (1 к.) и Теофци (1 к.) стари доселеници со непознато потекло; Науновци (3 к.) доселени се однекаде во втората половина на XIX век; Шалварковци (3 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Делисинци; Топаловци (3 к.) доселени се во 1890 година од селото Ќоселери. Таму изгледа биле староседелци; Зафировци (2 к.) доселени се во 1908 година од селото Кадрифаково. Таму биле доселени однекаде; Петревци (3 к.) доселени се околу 1918 година од селото Делисинци. И таму биле доселени однекаде; Златкови (1 к.) доселени се во 1943 година од селото Богословец. Таму биле староседелци; Спиридоновци (1 к.) доселени се во 1946 година од Кратовско.[3]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1704 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 75 гласачи.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Археолошки наоѓалишта
- Мера — некропола од средниот век
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Сарамзалино на Карти на Google