Делисинци
Делисинци — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Историja[уреди | уреди извор]
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Делисинци имало 90 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Делисинци имало 88 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Власи.[3]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 154 |
1953 | 162 | — | — | — | — | — | ... | — | 162 |
1961 | 44 | 10 | — | ... | ... | — | ... | 142 | 196 |
1971 | 15 | — | — | — | ... | — | ... | 58 | 73 |
1981 | 4 | — | — | — | 4 | — | ... | — | 8 |
1991 | — | — | — | — | 4 | — | — | — | 4 |
1994 | — | — | — | — | 1 | — | — | — | 1 |
2002 | — | — | — | — | 9 | — | — | — | — |
Родови[уреди | уреди извор]
Делисинци е влашко село, а порано било и македонско.
Според истражувањата од 1958 година родови во селото биле:
- Македонски: Опутарци (4 к.) најстар род во селото, овде живеат од турско време, подалечното потекло им е непознато; Ристо Коле (3 к.), Пане Риба (1 к.), Дане Ване (2 к.), Лазаровци (1 к.) и Ване Даче (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Богословец.
- Влашки: Гудо (1 к.), Мишо (2 к.), Костовци (1 к.), Штерјо (1 к.), Димовци (1 к.), Атанасовци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.) и Костовци 2 (1 к.) првиот род е доселен од селото Ново Село (Велешко), вториот род е доселен од Оморани, третиот, четвртиот и петтиот од Степанци, шестиот е доселен од селото Јакимово, седмиот од Лепопелци, а осмиот од Бучиште. Сите родови се доселени во периодот 1956-57 година.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во изборното место бр. 1701 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Амзабегово. Во изборно место се опфатени населените места: Делисинци Амзабегово и Богословец.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 395 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од македонците се знае за следните иселеници. Петреви во 1918 година се иселиле во селото Сарамзалино. Орданови во 1935 година се иселиле во Ѓуземелци. Во периодот од 1956/57 година од селото се иселиле 9 семејства во Скопје (7 семејства), Штип (1 семејство) и во Велес (1 семејство). Тие иселеници биле доселени после Првата светска војна од селото Богословец.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 233. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |