Долно Ѓуѓанци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Ѓуѓанци
Долно Ѓуѓанци is located in Македонија
Долно Ѓуѓанци
Местоположба на Долно Ѓуѓанци во Македонија
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Свети Николе
Област Овче Поле
Население 174 жит.
(поп. 2002)
Долно Ѓуѓанци на општинската карта
Долно Ѓуѓанце во Општина Свети Николе.svg

Атарот на Долно Ѓуѓанци во рамките на општината

Долно Ѓуѓанци (порано: Долно Ѓуѓанце или Долно Ѓуганце) — село во Општина Свети Николе, во околината на градот Свети Николе.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во северните падини на планината Манговица. Оддалечено е 13 километри северно од Свети Николе.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Кратовската каза во Отоманското Царство.

Во 2014 г. на селото официјално му е вратено традиционалното име Долно Ѓуѓанци.[1]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Ѓуѓанци живееле 280 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Ѓуѓанци имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 174 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Народ Вкупно
Македонци 169
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 5
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 280[2] 320[3] 689 748 772 612 377 237 219 174

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Ѓуганци е македонско село.

Според истражувањата од 1957/58 година родови во селото:

  • Староседелци: Арсовци (3 к.), Апостоловци (3 к.), Давчевци (4 к.), Серафимовци (3 к.), Кралевци (6 к.), Ничевци (2 к.), Доганџиевци (1 к.), Учковци (3 к.), Давидковци (4 к.), Бурџевци (4 к.), Џалевци (4 к.), Јосевци (2 к.), Тевковци (3 к.) и Таневци (3 к.) Првите шест рода биле од ист предок, останатите исто така потекнувале од ист предок.
  • Доселеници со непозната старина: Васевци (3 к.), Калиманци (3 к.), Колевци (3 к.), Јованчевци (6 к.), Манасовци (4 к.), Дутки (2 к.), Марковци (3 к.), Чапканци (4 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Иванковци (4 к.) и Ефремовци (3 к.).
  • Доселени со позната старина: Боневци (2 к.) доселени се од селото Строиманци, подалечно потекло од селото Стрисовци, пробиштипско; Миневци (4 к.) доселени се од селото Криви Дол, штипско; Начевци (1 к.) доселени се после 1912 година од кривопаланечко; Стошиќи (1 к.) доселени се од селото Пролесје кај Трговиште (Србија); Богдан (1 к.) доселен од селото Ранковце, кривопаланечко; Стојко (1 к.) доселен од Криви Камен, кривопаланечко; Ѓерас (1 к.) доселен од Габар, кривопаланечко; Димитар (1 к.) доселен од селото Строиманци, подалечно потекло од селото Стрисовци, пробиштипско.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1694 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Горно Ѓуѓанци.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 96 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за иселениците до 1957 година, и тоа во Горно Ѓуѓанци (Нешевци, Дураци и Златески), и во Орел (Црвенковци и Телегарци).[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
  2. 2,0 2,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 222.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 130-131.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]