Д’лга Ричка (Делисинци)
Д’лга Ричка — средновековна населба и некропола. На западниот раб на селото, во нивите на Ѓ. Костов и В. Атанасов и во соседните ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Според кажувањето на мештаните, при орањето наоѓале предмети украсени со крстови. На северниот крај на наоѓалиштето се пронајдени гробови со конструкции од камени плочи.[1].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |