Горобинци
Горобинци | |
Поглед на селото | |
Координати 41°52′29″N 21°52′37″E / 41.87472° N; 21.87694° EКоординати: 41°52′29″N 21°52′37″E / 41.87472° N; 21.87694° E | |
Регион | ![]() |
Општина | Општина Свети Николе |
Население | 820 жит. (поп. 2002) |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 24008 |
Надм. вис. | 432 м |
![]() |
Горобинци — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е оддалечено 6 км од градот Свети Николе. Меѓутоа неговата географска положба е уште поповолна со фактот што има директен пат од селото кон Скопје долг само 50 км. Источната магистрала Скопје - Штип треба да поминува токму низ атарот на селото.
Историја[уреди | уреди извор]
Во минатото било турско село и се викало Винци. Со заминувањето на Турците се населиле Македонците, па и името се сменило во Горобинци. Во XIV век во Овчеполската околија, кај месноста Јавор,каде сѐ уште стои дрвото јавор старо неколку века, постоело селото Горно Винци. Спроти селото се издигал еден рид, каде што жителите секое лето го празнувале празникот Св. Илија. Секој Илинден, тие се собирале на врвот од ридот и играле ора. Тогаш доаѓале најубавите девојки од селото и од околните места за да се фатат на оро. Како вo сите села така и на ова место, имало турски вооружени чувари, наречени полјаци, кои, покрај земањето данок, раководеле и со имотот на селото. За еден празник Св. Илија, додека девојките играле на оро, жената на еден од Турците чувари, затскриена зад прозорецот од својата куќа гледала како надвор се веселат македонските жени. Кога нејзиниот маж ја прашал зошто е тажна, таа рекла: "Гледај, ене она е убаво! Види како жените играат, рацете и нозете им се откриени, а јас седам сама затворена во четири sида со фереџе на лицето". Турчинот, се разлутил што го слуша ова,нанишанил со пушката од прозорецот и ја отепал првата девојка фатена на орото. По оваа случка, селаните почнале да го напуштаат местото Горно Винци и да се селат на местото каде денес се наоѓа селото Горобинци. Тоа е на 6 километри од Свети Николе. Не многу далеку од ридот на кој била отепана девојката. Името Горобинци, како што се вели во пишаните документи од Турско, го добило затоа што на Турците им било тешко да го изговорат зборот "винци". Во оваа легенда и денес веруваат селаните. Денес на врвот од ридот , стои каменот забиен во земја со крст одозгора. Секој Илинден таму селаните масовно одат, палат свеќи и го слават празникот.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Наслението главно се занимава со полјоделство, а во помала мера и со сточарство. Нафтоводот АМБО би поминувал во непосредна близина на селото.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Горобинци живееле 440 жители, сите Турци.[1]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото имало 70 Турци.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 820 жители. Следува табела на националната структура на населението:[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 811 |
Турци | 1 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 8 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.274 |
1953 | 625 | — | 729 | — | — | 4 | ... | 9 | 1.367 |
1961 | 1.148 | — | 12 | ... | ... | 51 | ... | 12 | 1.223 |
1971 | 1.057 | — | 3 | — | ... | 36 | ... | 5 | 1.101 |
1981 | 1.011 | — | 4 | — | — | 42 | ... | 4 | 1.061 |
1991 | 908 | 1 | 1 | — | — | 31 | ... | 3 | 944 |
1994 | 868 | — | — | — | — | 21 | ... | 1 | 890 |
2002 | 811 | — | 1 | — | — | 8 | — | — | 820 |
Родови[уреди | уреди извор]
Горобинци некогаш било чисто турско село. Но по пропаста на Османлиското Царство, Турците се иселиле од селото. Се знае за следните турски родови што живееле во селото. Кадриалар, Грочиалар, Бечиралар, Коџа Порталар, Кара Мустафлар, итн. По иселувањето на муслиманското население во селото почнало да се доселува православно население и тоа од.
Во периодот од 1924 до 1927 има доселеници од: Петралица (33 домаќинства), Осиче (4 домаќинства), Подржи Коњ (17 домаќинства), Огут (3 домаќинства) во Кривопаланечко; Пролесје (12 домаќинства) во Горна Пчиња (Србија) и од околината на Босилеград (4 домаќинства).
Во периодот од 1954 до 1958 доселеници има од: Кривопаланечко (75 домаќинства, од Луке, Габар, итд.), од Кратовско (8 домаќинства, од Луково, Горни Стубол и Секулица), од околината на Босилеград (4 домаќинства), од селата во Горна Пчиња (9 домаќинства, од Сурлица, Горно Стајевци, Нерав и Огут - последните две се сметаат и како кривопаланечки села).[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
На врвот од планината Ѓуриште се наоѓа еден од трите главни радарски центри во Македонија, МПРЦ "Ѓуриште", на Управата за Хидрометеоролошки Работи. А во минатото бил и единствен. Во селото се наоѓа и основното училиште "Гоце Делчев". Има и амбуланта, пошта, клуб на пензионери и др.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1686 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 605 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
![]() |
|
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Непосредно над селото се наоѓа наоѓалиштето Ѓуриште, кое претставува често излетничко одредиште за граѓаните на Свети Николе, па дури и на некои скопјани.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Секоја година се прославува селската слава Вознесение Христово, меѓу народот познато како Спасовден, а во селото е изградена и цркавата со истото име, која изобилува со живописен иконостас. Исто така секоја година на Први мај се одржуваат традиционалните Првомајски трки и натпревари, кои ги посетуваат гости од целата држава. Од пред неколку години на истиот ден се одржува и Ме ѓународната велосипедска трка “Делчо Ангелов“ .
Личности[уреди | уреди извор]
- Д-р Стојмил Петковски - учесник во конзилиарниот тим за спас на животот на американскиот претседател Роналд Реган, по атентатот извршен врз него.
- Гоне Петковски - историчар и поранешен амбасадор.
- Борис Начков - собирач на македонски народни песни кој досега има издадено три збирки со народни песни.[9]
- Делчо Ангелов - познат велосипедист кој направи тура низ Европа од 14000 км, живее и работи во Швајцарија.[10]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Активно работи и културно уметничко друштво, кое пред сè го негува македонскиот фолклор. Во селото постои и успешно настапува фудбалскиот клуб „Стрела“.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Во текот на 50-тите години од минатиот век, масовно се иселувало турското население кое живеело во селото околу 4 века. Најголемиот дел од нив се иселени во Измир,Турција. Во поново време за одбележување е дека жителите од Горобинци во значаен број живеат и работат во Италија, Австрија, Швајцарија, Германија, како и мал дел во САД (Њу Џерси). Нивната поддршка за културни и спортски настани во селото секогаш е на завидно ниво.
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Горобинци“ на Ризницата ? |
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 232.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1962). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Осветен новоизградениот храм во Горобинци – Свети Николе“. МПЦ- ОА. 22 октомври 2008. Посетено на 2010-08-09.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Биографија Борис Начков“. ЈПВИК. Посетено на 2010-08-09.
- ↑ „Делчо Ангелов ја измина Европа!“. Таратур. 16 јули 2007. Посетено на 2010-08-09.