Горни Стубол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горни Стубол
Горни Стубол is located in Македонија
Горни Стубол
Местоположба на Горни Стубол во Македонија
Координати 42°00′40″N 22°05′58″E / 42.01111° СГШ; 22.09944° ИГД / 42.01111; 22.09944Координати: 42°00′40″N 22°05′58″E / 42.01111° СГШ; 22.09944° ИГД / 42.01111; 22.09944
Општина Општина Пробиштип

Горни Стубол е село во Општина Пробиштип.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Горни Стубол е сместено во подножјето на планината Црни Врв на надморска висина од околу 700 метри. Во негова непосредна околина е ткн. Секулички превој преку кој минувал, некогаш караванскиот пат Стоби - Пауталија, односно денешен Ќустендил.

Во неговата околина, за разлика од соседното село Долни Стубол, преовладува ридско и планинско земјиште. Поради таквата конфигурација на теренот, обрабатливото земјиште и нивите се раштркани околу селото во месностите Аргачиште, Сува Страна, Црни Врв, Илиин Крст, Црвен Рид итн. Инаку селото е типот на збиени села. Куќите се подигнати покрај потокот кој што извира крај Секуличкиот превој. Релативно е богато со вода. Покрај селската чешма има уште три извора Три Кладенци, Бара и Буренце.

Историja[уреди | уреди извор]

По сѐ уште сочуваното предание, пред 2-3 века постоело само едно село Стубол. Тоа нешто се потврдува и од „Опширните пописни дефтери од 16 век за Ќустендилскиот санџак“. Во тие документи фигурира селото Стубиле. Интересно е да се додаде не само што е царски хас, тукушто има само 22 христијански семејства (муслимански 4) но изненадува, необично големиот број на 65 неженети лица. Горни Стубол е формиран со преселување на неколку семејства од Долни на местото каде им се наоѓале трлата. И затоа, и се до крајот на 19 век Горни Стубол се смета за маало на Долни Стубол. Во непосредна околина на селото, над Секуличкиот превој се издига тешко достапниот рид Градиште. На неговиот врв се откриени остатоци од стара тврдина, старовремески орудија за работа, оружје, керамика, златни и бронзени пари од римскиот период и византискиот цар Јустиниојан. Факт што означува дека околината на Горни Стубол е населена уште од раните средни векови.

Економија[уреди | уреди извор]

Од турските пописни документи од 1573 година, иако сѐ уште нема поделба на Горни и Долни Стубол, каде се изнесни даночните обврски на селаните, овозможуваат неколку работи. Првата е дека има значајно високи даночни оптеретувања 10.645 акчиња, за вкупно 22 семејства и 65 неженети лица. Од тоа се заклучува дека селото било релативно богато со земјоделски производи. Се одгледувало пченица, мешано жито, бурчак, леќа и граор, бостан, зелка, овошје, грозје итн.

Инаку, за време на турскиот период поголемиот дел од населението од Горни Стубол биле чифчии на кратовските бегови и аги, а само мал дел - раети: маденџии и доганџии. Некои од родовите раети имале статус на доганџии, а Петриќевци станале сопственици на земјиште.

Горни Стубол поради природната конфигурација има поповолни услови за сточарство отколку за земјоделство. Така, на пример, во 1931 година имало речиси изедначен број на овци и кози (160 овци и 150 кози). Дваесетина години подоцна, во 1952 година бројот на овци е зголемен на 1260 грла, додека козите се намалени на 25 грла. За да во 1971 год. се намалува бројот на овци на 894 грла,а кози нема. И бројот на говеда расте од 77 грла (1931 г.) на 159 (1952 г.) за да во 1971 г. изнесува 134 грла. Интересно е што бројот на свињите е ист (85) како во 1931 та и во 1971 година.

Некое време, пред да почне миграцијата на младото и работоспособното население, ќе се задржи нивото на сточниот фонд на добиток и свињи. Но, и добитокот, посебно коњите и мулињата, со воведување на земјоделската механизација ќе си замине во историјата. Сега најмногу од сточарството се застапени свињите и живината.

Демографија[уреди | уреди извор]

Како е веќе речено Горни Стубол е новоформирано село од Долни Стубол. Во почетокот на 20 век, по процени на учителите имало 182 жители сите по националност се Македонци.

Од еден дел, од статистичките информации со кои располагаме може да се види во последните 50-ина години, динамиката во развојот на населението. Во првиот послевоен попис 1948 г. има 355 жители, а во оној од 1961 г. селото имало 390 жители. Таа година ќе биде своевидна “кулминација“ во развојот на населението на селото Горни Стубол. Во наредниот десет годишен меѓупописен период поради урбанизацијата и индустријализацијата на околните градски средини ќе почне миграцијата на младото работоспособно население во нив. Тоа нешто ќе се одрази и на природниот прираст кој ќе намалува. Така да во 1971 година селото Горни Стубол ќе има 66 жители помалку од 1961 година, односно ќе има вкупно 324 жители. Тенденцијата на негативен развој на населението ќе продолжи во наредниот меѓупописен период 1971/1981 г. Во овој период селото ќе се намали за 92 жители и ќе има 232 лица. Ваквата негативна динамика во развојот на населението, особено со непланскиот и неконтролиран развој на општинскиот центар Пробиштип ќе го остави селото во 1991 год. за помалку уште од 83 жители и веќе ќе има вкупно 149 претежно подостарени и стари лица. Од последниот попис на населението (2002 г.) гледаме дека се останати само 99 жители, во 44 домаќинства. Меѓутоа, сега 2012 г. десет години од претходниот попис на населението, судејќи во негативната тенденција на развојот на населението и, имајќи предвид, дека во селото нема никаков стопански или некаков друг објект кој би опсорбирал барем десетина вработени, повеќе од сигурно е дека во Горни Стобол останале, најверојатно околу 50-ина стари лица од кои не може да се очекува ни витална ни економска репродукција.

Инаку, иако селото е од групата новоформирани села како старо седелци се сметаат проширените фамилии на Рогушевци, Велковци, Илиевци, Малинковци, Вујновци, Чамушовци и Несторовци. На овие родови претците се доселени од Долни Стубол. Како доселеници се јавуваат Петриќевци (од соседното Секулица), Дембелци (од с.Кундино), Постоловци (од с.Гризилевци), Шоп Митревци (од Кривопаланечко).

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Училиште во селото има од последните децении на 19 век. И во него учат и децата од соседното село Долни Стубол. Дури по ослободувањето е изградена нова училишна зграда. Од тогаш до згаснувањето на училиштето носи наслов „Страшо Пинџур“. Сега нема училиште поради миграциите на младото работосподобно население, нема деца на училишна возраст. Нема црква. Селска слава е Св.Троица.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Прв електроинженер од селото е Власто Ампов и прв рударски инженер Власто Ефремов.

Извори:

  • Група автори, Злетовска област, Скопје, 1974.
  • Стеван Симиќ, Историја Кратовске области, Годишница Н.Чупиќа, 1914. Београд.
  • Пописи на населението, Сојузен завод за статистика, Београд. 1984 г.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]