Дренак (Пробиштипско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дренак
Дренок

Поглед на селото Дренак

Дренак во рамките на Македонија
Дренак
Местоположба на Дренак во Македонија
Дренак на карта

Карта

Координати 42°00′40″N 22°05′58″E / 42.01111° СГШ; 22.09944° ИГД / 42.01111; 22.09944Координати: 42°00′40″N 22°05′58″E / 42.01111° СГШ; 22.09944° ИГД / 42.01111; 22.09944
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21011
Дренак на општинската карта

Атарот на Дренак во рамките на општината
Дренак на Ризницата

Дренак (порано познато како: Дренок) — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од десната страна на Злетовска Река.[2] Селото е ридско, а од градот Пробиштип селото е оддалечено 11 километри.[2]

До селото се стигнува преку локален асфалтен пат, преку исклучување во самиот град Пробиштип, а потоа патот продолжува преку селото Стрмош.

Селото се наоѓа во подрачјето на планината Манговица.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Дренак е населено уште од доцната антика и од доцноримското време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]

Во 2014 година селото е официјално преименувано во Дренак.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 314,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 210,4 хектари, а на шумите само 3,6 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948182—    
1953208+14.3%
1961229+10.1%
1971215−6.1%
198196−55.3%
ГодинаНас.±%
199134−64.6%
199431−8.8%
200226−16.1%
20214−84.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дренак живееле 205 жители, од кои 105 Македонци и 100 Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренак имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 229 жители, а во 1994 година само 31 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дренак живееле 26 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 205 120 182 208 229 215 96 34 31 26 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Дренак е македонско село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Алексовци (21 к.) и Краљевци (12 к.).
  • Доселеници: Барбаревци (9 к.), доселени се во првата половина на XIX век од селото Горно Барбарево.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Дренак било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Дренак, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Плешенци, во која влегувале селата Горни Стубол, Долни Стубол, Дренак, Плешенци, Петршино и Стрмош.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1541 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви[17]
Манастири

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 115.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 321. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-29.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 ноември 2022.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Посетено на 13 ноември 2022.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]