Глобица
Глобица — историско село во Осоговијата, во атарот на денешното с. Бунеш, Општина Пробиштип.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото било сместено во Осогово, на десниот брег на Злетовска Река, меѓу селата Ратавица од север и Трипатанци од југ. Денес месноста е популарно одморалишно место.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Селото е споменато како владение на блискиот Лесновски манастир во грамотата на цар Стефан Душан околу 1350 г., но отсуствува во грамотата на деспотот Константин Драгаш од 1381 г.[2]
Во XIX век Глобица било мало село во Кратовската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Глобица има 65 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
Цялото население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По данни на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Глобица (Globitza) имало 40 Македонци.[3][5]
Личности[уреди | уреди извор]
- Коце Лазаров - Коцо (1877/1880) — деец на ВМОРО, член на четата на Славчо Абазов[6][7]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Глобица“ на Ризницата ? |
- ↑ Агенција за иселеништво на Република Македонија[мртва врска]
- ↑ Хр. Матанов, Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 220
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 403.
- ↑ Доклад на международната комисия за разследване на причините и провеждането на Балканските войни (Карнегиева анкета), в: Другите Балкански войни, Фондация "Свободна и демократична България", София 1995, стр. 351