Долно Барбарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Барбарево
Долно Барбарево is located in Македонија
Долно Барбарево
Местоположба на Долно Барбарево во Македонија
Координати 42°00′00″N 22°07′30″E / 42.00000° СГШ; 22.12500° ИГД / 42.00000; 22.12500Координати: 42°00′00″N 22°07′30″E / 42.00000° СГШ; 22.12500° ИГД / 42.00000; 22.12500
Општина Општина Пробиштип
Население 11 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2210
Надм. вис. 580-620 м м
Commons-logo.svg Долно Барбарево на Ризницата


Долно Барбарево — село во Општина Пробиштип, во крајниот југозападен дел од сливот на Злетовска Река, на тромеѓето меѓу Пробиштипската, Кратовската и Светиниколската општина, а покрај јужното подножје на еруптивната палнинска верига ПлавицаЦрни Врв. Сместено е на силно еродиран терен во изворниот дел на реката Белошица, на 580—620 м. апсолутна висина, а недалеку од Сакуличкиот превој низ кој водел стар каравански пат што го поврзувал Титов Велес со Ќустендил. Долно Барбарево е сместено спроти Горно Барбарево на источните падини на ридот Големо Брдо (770 м.). Вкупна површина на атарот е 11,2 км2, при што вкупната аграрна површина изнесува 1.063 хектари, од кои 347 хектари се обработливо земјиште, 628 хектари пасишта и 88 хектари се под шуми. Ниви има како под селото, така и над него — на ридовите Струга, Големо Брдо, Ковиљ, Мици Габер и др.

Минато и потекло на населението[уреди | уреди извор]

Селската црква „Св. Параскева“ во с. Долно Барбарево, изградена во 1874 година.

До ослободувањето Горно и Долно Барбарево чинеа едно село во кое се разликуваа следниве две големи маала: Шуке Маало, или Големо Барбарево, сместено од левата страна на Белошица, и Амбар Маало, или Мало Барбарево, лоцирано од десната страна на реката на околу 1,5 км растојание од првото маало. По ослободувањето Шуке Маало е прогласено за село Горно Барбарево, а Амбар Маало — за с. Долно Барбарево.

Како што веќе изнесовме до ослободувањето Г. и Д. Барбарево претставуваа едно село, поради што и двете денешни села имаат исто минато. Последниве децении бројот на жителите во Долно Барбарево е намален од 490 жители во 1953 г. на 203 жители во 1971 г. На почетокот на новиот, трет милениум 2002 година, бројот на постојаните жители изнесувало само 11 жители.

Според официјални податоци со пописот 1994 година и административно-територијалната поделба на Р. Македонија од 1996 година, с. Долно Барбарево, имало само 20 жители (10 мажи и 10 жени) во 9 семејства. Со пописот од 2002 година, во селото Долно Барбарево имало 11 жители ( 6 мажи и 5 жени ) во 6 домаќинства а 22 живеалишта ( станови ). Поголемиот дел од неговото население го чинат староседелци, а помалиот доселеници.

Народното предание Барбарево го смета за многу старо село. Дека во неговиот простор постоела населба уште во многу далечпото минато сведочи фактот што на конусниот рид Градиште се сочувани остатоци од старовремската тврдина, за која А. Керамидчиев смета дека датира уште од времето на Римјаните. Карактеристично е името на ова село, кое несомнено потекнува од грчкиот збор Варварис од што може да се заклучи дека го основале Варвари, односно Словени, (како што Византијците ги нарекувале) при своето доселување во оваа област. Преданието вели дека во средниот век Барбарево се наоѓало во месноста Селиште и дека тогаш неговите жители биле мадемџии (рудари) и работеле во рудниците на преседлината Џгури. На денешното место тоа било преместено за време на некое безредие (веројатно за време на Карпошовото востание). И по преместувањето на селото Барбаревци не било претворени во чифчии, туку останале раети — мадемџии и доганџии. Кон крајот на XIX век бројот на жителите на Горно и Долно Барбарево, земени заедно, изнесувал 780 жители, а во 1948 г. — 672 жители. Ова село, како и Горно Барбарево, се состои од повеќе родовски маала што едно од друго се оддалечени 50—100 метри. Во некои маала, веднаш до куќите, се наоѓаат градинки засадени со зеленчук и овошки.

Одлики на стопанството[уреди | уреди извор]

Долно Барбарево, како составен дел на некогашното единствено село Барбарево, во минатото било раетско село чии жители имале обврски да работат во Кратовските рудници. По ослободувањето од тие обврски било засилено овчарството за која сточарска гранка има поволни природни услови во просторот на селото. За време на предвоена Југославија неговите жители својот опстанок во прв ред го засновале на овчарството. По олободувањето, бројот на овците значително е намален. Говедарството се заснова на одгледување оратни волови чии број околу седумпати е поголем од бројот на кравите. Свињогојството и живинарството сосема слабо се застапени.

Во ова село, како и во Г. Барбарево ниедно домаќинство немало плуг, туку земјата се обработувала на традиционален начин — со дрвено рало. Најголем дел од површината под ниви се села со пченка, јачмен и пченица, додека производството на 'рж, суршка и овес е незначително. Скоро 1/3 од обработливата површина се користела за производство на граор и уров. За производство на индустриски култури (сончоглед, тутун, памук и афион) се користела околу 1/12 од обработливата површина. Одгледувањето на градинарски култури, особено бостан, грав и компири) релативно добро била застапено, a овоштарството и лозарството многу слабо.

Денес стопанството во с. Долно Барбарево е сведено на најниска граница, обработливите земјоделски површини се претворени во пасишта, а градинарските, индустриските култури, лозарството и овоштарството воопшто не се застапени.

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Барбарево е македонско село.

Според истражувањата од 1970тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Дејановци (2 к.), Ѓорчевци (9 к.), Дапчевци (4 к.), Савчевци (2 к.), Каревци (3 к.), Гаџевци (6 к.) и Шупанци (4 к.)
  • Доселеници: Богоевци (6 к.) доселени се во почетокот на 18ти век од прилепско; Дамјановци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од скопско; Чупевци (7 к.), Коларци (1 к.) и Балтевци (2 к.) доселени се во втората половина на 18ти век од областа Горна Пчиња; Шопчевци (2 к.) доселени се од Шоплук, поточно од кривопаланечко; Јанкуловци (1 к.) доселени се од околината на Врање во Србија; Караканци (2 к.) доселени се од селото Преод во Овче Поле.[1]
  • . Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопje 1974.