Говедарство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крава на пасење

Говедарството е најзначајна сточарска гранка. Тоа е застапено секаде каде што има поволни услови за одгледување говеда. Тоа се, главно, пределите со умерена клима, во кои се наоѓаат пространи пасишта со бујна и сочна трева. Говедата се најзастапени домашни животни. Денес, најмногу се одгледуваат говеда од швајцарска и фризиска раса.

Говедарството во светот[уреди | уреди извор]

Најмногу говеда има во Индија. Меѓутоа, во таа земја кравата се смета за „свето животно“ и затоа млекото и месото од неа не се употребуваат за исхрана. По Индија, најголем број говеда има во Бразил, САД, Кина и Аргентина.

Говедарството во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија доминираат традиционалните мали фарми, кои учествуваат со 75% во вкупниот број. Овие фарми најчесто се состојат од 1 до 3 говеда кои даваат мали годишно производство на млеко од 2 до 3 илјади литри по крава. Само 3% од фармите отпаѓаат на големите специјализирани фарми со повече од 20 крави, чие годишно производство изнесува 5 илјади литри млеко по крава, додека само 1% од фармите имаат повеќе од 50 говеда.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извозниот потенцијал на агрокомплексот!“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 75.