Сончоглед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сончоглед
Sunflower sky backdrop.jpg
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Главоцветни
Потсемејство: Сончогледи
Род: Сончоглед
Биномен назив
Helianthus annuus
L.

Сончогледот (науч. Helianthus annuus) е едногодишно растение од фамилијата на штитоцветните кое потекнува од Америка. Името му потекнува од големите цветови, чиј облик е слична на сонце, но и поради навиката да се врти кон сонцето во склад со неговото движење по небото.

Потекло[уреди | уреди извор]

Сончогледот потекнува од југозападниот дел на Америка, Перу и Мексико. Постојат податоци дека сончогледот се одгледувал пред 3.000 година од страна на северноамериканските индијанаци, кои ги мелеле семките во брашно и ги додавале во лебот со што правеле и масло од сончоглед.

Маите го почитувале сончогледот како симбол на светлината и плодноста. Исто така правеле чај од лутица и ги јаделе семките.

Во почеткот на 16.век мисионсри го пренеле од Америка во Европа и веќе во 17. век неговото одгледување се проширило по цела Европа.

Одгледување и распространетост[уреди | уреди извор]

Сончогледот спаѓа во индустриските култури во земјоделството, поточно во маслодајни култури, поради тоа што неговата употреба во најголем дел е преку индустриската обработка на семките од кои се произведува сончогледово масло кое е едно од најраспространетите рафинирани масла за јадење. Сончогледот најмногу се одгледува во Русија, Франција, Германија каде започнал да се одгледува во текот на Втората светска војна, ширум Јужна Европа, САД. Сончоглед се одгледува и во Македонија и тоа највеќе е застапен во Пелагонија, Повардарието, Струмичко, Штипско, како и во Скопско и Полог.

Сончогледот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 38-39.