Прејди на содржината

Пишица

Координати: 41°52′32″N 22°12′40″E / 41.87556° СГШ; 22.21111° ИГД / 41.87556; 22.21111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пишица

Воздушен поглед на селото Пишица

Пишица во рамките на Македонија
Пишица
Местоположба на Пишица во Македонија
Пишица на карта

Карта

Координати 41°52′32″N 22°12′40″E / 41.87556° СГШ; 22.21111° ИГД / 41.87556; 22.21111
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 120 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21025
Надм. вис. 320 м
Пишица на општинската карта

Атарот на Пишица во рамките на општината
Пишица на Ризницата

Пишица — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото Пишица

Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, во долното сливно подрачје на Злетовска Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци и на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 15 километри.[2] Селото се наоѓа источно од падините на планината Манговица.

До селото поминува регионалниот пат 1205, при што најголемиот дел од селото се наоѓа западно од патот.

Во непосредна близина на селото се наоѓа Пишичкото Езеро, чија земјена брана напукнала по излевањето на езерските води во февруари 2013 година.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Пишица е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи наоѓалиштето Жгандово во неговата околина.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 7,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 347 хектари, на пасиштата отпаѓаат 266 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција. Во селото работи фабрички погон, како и продавници.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948348—    
1953371+6.6%
1961401+8.1%
1971346−13.7%
1981267−22.8%
ГодинаНас.±%
1991220−17.6%
1994204−7.3%
2002168−17.6%
2021120−28.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пишица живееле 200 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци, 25 до 50 Власи и 25 до 50 Турци.[6]

Пишица, според населеноста, преминала од средно во мало село по големина. Така, во 1961 година селото имало 401 жител, од кои 337 биле Македонци, а 62 жители се изјасниле како други (веројатно биле Власи). Во 1994 година, бројот се намалил на 204 жители, од кои 187 биле Македонци, а 17 жители Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пишица живееле 168 жители, од кои 159 Македонци и 9 Власи.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 120 жители, од кои 110 Македонци, 2 Албанци, 6 Власи, 1 Србин и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 348 371 401 346 267 220 204 168 120
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Пишица е македонско-влашко село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Пишица било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Пишица, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште и Уларци. Општината Крупиште постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Гуњовци, Крупиште, Новоселани, Пишица и Уларци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1552 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 114 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 117 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Жгандово — населба од доцноантичкото време
Цркви
Езера
Реки[17]
  • Шипча — помала река низ селото

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Пишица
  • Хари Костов (р. 1959) — македонски стопанственик и политичар, премиер на Македонија (2004).

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 235.
  3. „Сериозна состојбата на браната кај Пишица“. Вечер. 26 февруари 2013. Посетено на 9 јануари 2017.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 322. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-26. Посетено на 26 ноември 2022.
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 81. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]