Неокази
Неокази | |
![]() Поглед на селото Неокази | |
Координати 41°57′40″N 22°11′31″E / 41.96111° СГШ; 22.19194° ИГДКоординати: 41°57′40″N 22°11′31″E / 41.96111° СГШ; 22.19194° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 95[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21022 |
Надм. вис. | 450 м |
![]() |
Неокази — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Неокази се наоѓа југоистично од Пробиштип, на оддалеченост од 4 км од градот, на десната страна од Злетовска Река. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 450 м. Селскиот атар не е голем и зафаќа површина од 5,8 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Неокази се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.
Во текот на Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во атарот на селото има земјоделско земјиште на површина од 546 ха, од кои 306 ха се обработливо земјиште, 234 ха се пасишта и 6 ха шуми.[4]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Неокази имало 70 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Неокази имало 80 жители Македонци.[6]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 95 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 36, а бројот на живеалишта 60.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 70 | 80 | 188 | 192 | 192 | 169 | 137 | 111 | 109 | 95 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Неокази е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Басаци (4 к.), Нешовци (4 к.) и Илиовци (4 к.)
- Доселеници: Бутачовци (5 к.) доселени се од селото Петршино; Џалевци (6 к.) доселени се од селото Трогерци; Балванци (3 к.) доселени се од Балван кај Штип; Лазаровци (5 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Плешенци; Гавриловци (4 к.) доселени се од селото Петршино; Јосифовци (4 к.) доселени се од селото Псача кај Крива Паланка.[10]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Неокази, се наоѓале и селата Горни Стубул, Гризилевци, Добрево, Долни Стубул, Дренак, Калниште, Кундино, Маријино, Петрушино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1543 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Споменици
- Спомен-плоча посветена на првоборецот Јаким Спировски.[13]
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Неокази
- Чедомир Саздовски — политичар и доктор по кинезиологија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2016.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 206.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 383.
- ↑ Населени места во Општина Пробиштип — Неокази, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.