Стрисовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Стрисовци е село во Општина Пробиштип, во околината на градот Пробиштип.


Стрисовци
Стрисовци is located in Македонија
Стрисовци
Местоположба на Стрисовци во Македонија
Општина Општина Пробиштип
Население 54 жит.
(поп. 2002)
Стрисовци на општинската карта
Стрисовци во Општина Пробиштип.svg

Атарот на Стрисовци во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Главна дејност на селото е комбинирано фармерство(земјоделство и сточарство)каде се одгледуваат околу 2000 до 3000 овци,100 грла крави(буши)и мал број на кози.Интересен е податокот дека во ова село сѐ уште може да најдете кокошки кои живеат на дрвa, односно не користат кокошарници од затворен тип и се адаптирани на големите климатски разлики кои се движат од -20 до +45 степени.Исто така не ретко се случува да домашните свињи кои ги има во скоро секоја куќа,во време на парење да се одметнувааат и се опрасуваат во околните ридови по што се враќаат кај сопствениците.Од земјоделските култури најзастапени се житните култури,граорот,вишните и лозјата, кои во секое домаќинство имаат култен статус.Месечните трошоци на домаќинствата се многу мали затоа што секое домаќинство има сопствени енергетски,водни и други ресурси кои обезбедуваат евтин и стабилен живот.Во селото има и приватна земјоделска задруга која ја обработува државната земја на површини од околу 500 до 900 ха.Има асфалтен пат,сопствен водовод,атмосферска канализација,телефон. Селото има добри услови за развој на комбинираното фармерство а во иднина се претпоставува дека ке прерасне во Рурален Туристички Регион со мотели и хотели каде ќе се нудат чиста и здрава храна,чист воздух и одмор типичен за вакви средини.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Стрисовци живееле 500 жители, сите Турци.[1]

Според пописот од 2002 година, во селото Стрисовци живеат 54 жител, сите Македонци.[2]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[3]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500[1] 433 448 401 287 177 90 86 54

Родови[уреди | уреди извор]

Стрисовци е македонско село.

Доселеници од Горно Барбарево: Шукевци-Фудулци, Дејановци, Чулевци, Сатиевци, Голубановци, Балабановци, Барборковци и Стојчевци.

Доселеници од Долно Барбарево: Ѓорчевци, Каревци, Гаџевци, Богоевци, Чупевци, Каракашци.

Помеѓу 1935-1936 година, како резултат на спроведената аргарна реформа, во Стрисовци се населуваат родовите: Герџовци (од Лесново), Клупчарци (од Горно Кратово), Парговци (од Крилатица), Куковци (од Опила), Бошавци (од Псача) и Бојковци-Јанковци (од Луке).[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

4о дена по Велигден(Спасовден)е слава на селото.На овој ден роднините и пријателите на луѓето кои живеат овде ,се собираат во домашна атмосфера и го прославуваат овој ден со чашка ракија и печено јагне.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во 70те и 80те години од минатиот век од селото почнуваат да се иселуваат голем број на луѓето и својата егзистенција да ја бараат надвор од него.Главни дестинации им се;Пробиштип,Св.Николе,Белград,Скопје,Штип и Куманово.Но во 2001 во селото почнуваат да се враќаат и да ги реставриаат старите куќи и имоти.За викендите,во селото доаѓаат роднините на мештаните кои помагаат во извршување на земјоделските работи.Интересно е да се спомене дека од ова село произлегле многу интелектуалци кои останале да работат во Белград,Скопје и Пробиштип но и тие полека пројавуваат интерес за враќање во родните огништа.Печалбари има и во Швајцарија,но и тие полека се враќаат и ги уредуваат имотите.Со новата Аграрна политика предводена од ВМРО-ДПМНЕ и СП,се пројавува интерес за обработување на земјата и зголемувања на стадата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 222.
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  4. Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопje 1974, с. 120-122 (автор на раздела – Т. Кондев).