Горно Кратово
Горно Кратово | |
![]() Панорамска фотографија на селото Горно Кратово | |
Координати 42°05′37″N 22°12′24″E / 42.09361° N; 22.20667° EКоординати: 42°05′37″N 22°12′24″E / 42.09361° N; 22.20667° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осогово |
Население | 27 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14003 |
Надм. вис. | 959 м |
Горно Кратово — село во Општина Кратово, во близина на градот Кратово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ова е село кое се наоѓа 3 км североисточно од Кратово, во западните пазуви на планината Осогово.
Историја[уреди | уреди извор]
Во османлиските книги на немуслиманското население на Кратовскиот вилает од 1618-1619 г. селото се води под името Горна Кратова со 21 домаќинства кои се обврзници на џизија.[1] Списокот на населените места и немуслиманските домаќинства во истиот вилает од 1637 вели дека во Горно Кратова има 25 домаќинства-обврзници.[2]
Во XIX век Горно Кратово било мало село во Кратовска каза населено исклучиво со Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Горно Кратово има 280 жители, сите Македонци христијани[3].[4]
По Илинденското востание, во 1904 г. поголем дел од селото потпаѓа под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Горно Кратово (Gorno Kratovo) живееле 384 Македонци, од кои 320 под Бугарската егзархија и 64 под Цариградската патријаршија. Во селото работеле бугарско и српско училиште.[6]
При избивањето на Првата балканска војна во 1912 г. 20 луѓе од Горно Кратово одат како доброволци во Македонско-одринското ополченство.[7]
Според пописот од 2002 г. селото има 27 жители.[8]
Население[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[9] | 1905[10] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 384 | 460 | 528 | 367 | 232 | 106 | 55 | 67 | 27 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.
- ↑ Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 52.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 130-131.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 839.
- ↑ Профил на Општина Кратово, Население, стр. 13 (PDF)
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Горно Кратово на Ризницата ?
|