Вакуф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вакуф
Вак’в
Црква „Св. Константин и Елена“ - В'каф.jpg

Главната селска црква „Св. Константин и Елена“ во Вакуф

Вакуф is located in Македонија
Вакуф
Местоположба на Вакуф во Македонија
Координати 42°03′47″N 22°02′38″E / 42.06306°СГШ 22.04389°ИГД / 42.06306; 22.04389Координати: 42°03′47″N 22°02′38″E / 42.06306°СГШ 22.04389°ИГД / 42.06306; 22.04389
Регион Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kratovo Municipality.svg Кратово
Област Средорек
Население 122[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Надм. вис. 414 м
Commons-logo.svg Вакуф на Ризницата


Вакуф или Вак’в — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово. Според пописот од 2002 г. селото има 122 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Средорек, североисточна Македонија, недалеку од левиот брег на Крива Река.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Вакуф било мало село во состав на Кратовскатта каза. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Вак’в (Нановци) има 148 жители, сите Македонци христијани[2].[3]

На почетокот на XX век селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вакуф (Vakouf) има 128 Македонци и 30 Роми[2].[4]

Легенда за сиромашното семејство од Вак'в и вошката

Според кажувањето на Стевче Доневски, собирач на легенди и преданија од кратовско, многу одамна во маалото Стојкарци живеело едно многудетно семејство. Судбината сакала да живеат во голема сиромаштија и беда. Мајката која имала пет дечиња, постојано сонувала сон во кој непознат глас и велел дека ќе најдат големо богатство кога ќе се пролее крв на најмалото нивно дете. По долго размислување, мајката за да ги спаси од глад и умирање останатите дечиња, одлучила да го спроведе сонот. Според нејзиното толкување на сонот, таа мислела дека најмалото детенце треба да го даде курбан, да падне крв за да семејството се спаси од глад. Го зела детето во раце, го однела во близина на денешниот храм Свети Константин и Елена и со скршено срце, пред да го даде курбан, со солзи во очите го галела по косичката. Во тој миг забележала вошка на главата на детето и со палецот ја притиснала. Вошката се размачкала на главата на детето. Во тој момент, од никаде се појавил силен ветер, кој за неколку секунди го расцепил на средина стариот орев. Од внатрешноста на оревот испаднале стотици златници, кои долги години биле скриени во дрвото. Мајката дури тогаш сфатила дека детето не треба да оди курбан, затоа што крвта на вошката била потребниот курбан. Го собрала азното и се куртулиле од сиромаштија.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 148 128 322 359 400 350 179 162 138 122
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на тогашната Општина Шопско Рударе, во која се наоѓале селата Вакуф, Кетеново, Коњух, Секулица, Татамир, Топаловиќ и Шопско Рударе. Општината Шопско Рударе постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 30 март 2013 г. 
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 130-131.
  5. Легенда за сиромашното семејство од Вак'в и вошката
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. Осветување на нов храм на светите Констатин и Елена Рамноапостолни во Вак’в

Надворешни врски[уреди | уреди извор]