Кнежево
Кнежево | |
Општина | Кратово |
Население | 64 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 14010 |
Кнежево — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на падините на Осоговските Планини, оддалечено 42 километри североисточно од Кратово.
Историја[уреди | уреди извор]
Во османслиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618-1619 година, селото е забележано со 11 ханета (домаќинства).[1] Селото се споменува и во списокот на немуслиманските домаќинства во истиот вилает од 1637 година со 13 ханета (домаќинства).[2]
Во XIX век селото е дел од Кратовската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кнежево живееле 196 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кнежево имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 64 жители, сите Македонци.[5]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 196[3] | 224[4] | 519 | 521 | 431 | 371 | 172 | 91 | 89 | 64 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Стојмен Вучев — македонски револуционер, деец на ВМРО;[7]
- Ѓорѓи Лазаров (р. 1868) — македонски револуционер;[8]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.
- ↑ Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 52.
- ↑ 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.223.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ ДВИА, ф. 40, оп. 1, а.е. 335, л. 108
- ↑ ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Горги Павлов Лазаров (33)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|