Кнежевско Езеро
| Кнежевско Езеро | |
|---|---|
| Координати | 42°6′55″N 22°18′59″E / 42.11528°N 22.31639°E |
| Вид | вештачко |
| Главен дотек | Злетовска Река |
| Главен истек | Злетовска Река |
| Земји во сливот | Македонија |
| Најг. должина | 3 км |
| Најг. ширина | 150-200 м |
| Површина | 0,8 км2 |
| Најг. длабочина | 70 м |
| Водна зафатнина | 23.500.000 м3 |
Кнежевско Езеро (познато и како Езеро Кнежево) — вештачко езеро во близина на кратовското село Кнежево, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]
Браната на езерото е подигната на Злетовска Река.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на Кнежево, сместено на голема надморска височина од 1.020 метри. Езерото е долго 3 километри, широко 150-200 метри и со најголема длабочина од 70 метри. Зафаќа површина од 0,8 км2.[2]
Самата околина на езерото е главно шумска и живописна. Над езерото се наоѓаат високите делови на Осоговските Планини, а низводно се наоѓа атрактивната клисура на Злетовска Река.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Брана
[уреди | уреди извор]Браната е каменонасипна со вкупна височина од 75 метри.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Езерото е создадено со преградување на Злетовска Река со каменонасипна брана кај селото Кнежево во 2010 година.[2]
Употреба
[уреди | уреди извор]Акумулацијата Кнежево било изградено најмногу за задоволување на потребите за водоснабдување на жителите на повеќе општини од Источниот регион, но во следните фази е предвидено акумулацијата да се користи и за наводнување и за производство на електрична енергија.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Брана на езерото
- Поглед на езерото
- Крак на езерото
- Објекти кај браната
- Поглед на езерото
- Ракав на езерото со едно од маалата на истоименото село
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
- 1 2 3 „ФИЗИЧКО-ГЕОГРАФСКИ АТРАКТИВНОСТИ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Посетено на 31 октомври 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Кнежевско Езеро на Ризницата ?
