Крилатица
Крилатица — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крилатица живееле 364 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крилатица имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 141 жител, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 56 Македонци и 3 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 448 | 453 | 478 | 449 | 449 | 362 | 238 | 228 | 141 | 59 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Крилатица е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:
- Староседелци: Величковци (6 к.), Атанасковци (4 к.) и Тодоровци (4 к.)
- Доселеници: Јанковци (10 к.) доселени се од селото Герман; Лазици (11 к.) доселени се од селото Трновац; Мишинци (13 к.) доселени се од селото Шопско Рударе; Куковци (10 к.) доселени се од местото Здравци Камен кај кратовското село Шлегово. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 56 г. во 1975 година) Тодос-Јован-Спасо-Ѓорге, основачот на родот кој се доселил; Мулинци (4 к.) доселени се однекаде.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Личности родени во Крилатица:
- Киро Митевски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ѓоре Спасовски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Иселеници има во Скопје, Кратово, Куманово и на други места. Населението исто така се иселувало и во Германија. Родот Маџо се иселил во селото Малино. Игњатовци и Јосевци се иселени во селото Орел.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|