Здравчи Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Здравчи Камен
Здравчи Камен.jpg
Поглед на грлото на Здравчи Камен
Највисока точка
Надм. вис.844 м [1]
Матичен врвЗдравчи Камен
Координати42°4′34″N 22°9′4″E / 42.07611° N; 22.15111° E / 42.07611; 22.15111Координати: 42°4′34″N 22°9′4″E / 42.07611° N; 22.15111° E / 42.07611; 22.15111
Географија

Здравчи Каменрид и вулканско грло со висина од 844 м на левата долинска страна на Кратовска Река, јужно од с. Живалево. Се протега во правец северозапад-југоисток до с. Шлегово, во должина од 2,5 км, а широчината му изнесува 0,5-0,8 км.[1] Грлото е изградено од андезитски карпи, кои при истиснување низ вулканскиот канал, добиле столбесто лачење. Околу некот се дебели напласти на туфови, кои се доста еродирани со речносоголувачките процеси.

Релјеф и структура[уреди | уреди извор]

На источната страна Здравчи Камен длабоко е пресечен од Кратовска Река, а на западната — од Шлеговска Река. Крупните цврсти андезити, поради селективната ерозија, се издигаат во релјефот и на целата структура и даваат изглед на добро сочувана вулканска купа, со релативна височина од 300 м. Со механичко разорување, во андезитските карпи се изградени интересни соголени облици, особено остенци, чашки, стапалки и др. Во највисокиот дел се сочувани остатоци на езерска тераса од 780-800 м.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). "Вулкански купи Пилав Тепе и Плоча кај Шопур". Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 143-144. ISBN 978-9989-110-90-0.