Малино
Малино | |
Регион | ![]() |
Општина | Свети Николе |
Област | Овче Поле |
Население | 45 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 24020 |
Надм. вис. | 470 м |
![]() |
Малино — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Овче Поле, на јужните ограноци на Градиштанска Планина, оддалечено 16 километри северозападно од градот Свети Николе.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век Малино се наоѓало во Кумановската каза, нахија Овче Поле.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Малино имало 364 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Малино имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 45 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 364[1] | 480[2] | 720 | 657 | 534 | 300 | 139 | 76 | 68 | 45 |
Родови[уреди | уреди извор]
Малино е чисто македонско православно село, во селото има стари родови и нови,
Стари родови се: Неделковци (27 к.), Антовци (15 к.), Стојковци (8 к.) и Девеџинци (5 к.)
Доселени родови до крајот на турското владеење се: Шошевци (5 к.) доселени се од некое село во Скопска Блатија; Левковци (5 к.) доселени се во XIX век од селото Алакинци; Голубовци (6 к.) доселени се од селото Текија, кај Скопје; Пиклевци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Катланово, кај Скопје.
Родови доселени од 1923 натака: Крстевци (3 к.) и Стојковци (2 к.) доселени се од селото Петралица, кај Крива Паланка; Атанасовци (1 к.) доселени се од селото Станча, кај Крива Паланка; Алексовци (1 к.) и Маџо (1 к.) доселени се од околината на Кратово, првите од Талашманце, другите од Крилатица; Вранјанци (1 к.) доселени се од Брезовица, кај Врање; Ристовци (1 к.) доселени се од П’клиштем, кај Куманово; Начевци (1 к.) доселени се од Кокошиње; Тодоровци (1 к.) доселени се од Горобинци, таму биле доселени од околината на Босилеград; Китановци (1 к.) доселени се од Длабочица, Горна Пчиња; Цветановци (1 к.) доселени се од Герман, кај Крива Паланка.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во изборното место бр. 1698 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Мустафино.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 347 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[7]
- Црква „Св. Спас“ - главната селска црква;
- Црква „Св. Петка Римјанка“ - камен темелник удрен на 16 јули 2016 година;[8]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Најмногу иселеници има во Куманово (10 к.) и Скопје (5 к.). Во Куманово има многу иселеници од родот Неделковци.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован. Овчепољска котлина. Скопје: МАНУ. стр. 679-680–681-682.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО С. МАЛИНО – СВЕТИ НИКОЛЕ