Секулица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Секулица
Амбар Маало на селото Секулица (3).jpg

Амбар Маало на селото Секулица

Секулица is located in Македонија
Секулица
Местоположба на Секулица во Македонија
Координати 42°02′42″N 22°03′22″E / 42.04500°СГШ 22.05611°ИГД / 42.04500; 22.05611Координати: 42°02′42″N 22°03′22″E / 42.04500°СГШ 22.05611°ИГД / 42.04500; 22.05611
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kratovo Municipality.svg Кратово
Население 177[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Надм. вис. 591 м
Commons-logo.svg Секулица на Ризницата


Секулица (познато и како Сакулица) — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Секулица се наоѓа во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со просторот на Општина Пробиштип.[2] Населбата се наоѓа на патот кој води од Кратово за повеќе села во западниот дел на истоимената општина и потоа продолжува во Кумановско, при што таа има средишна положба околу повеќе села. Од градот Кратово, селото е оддалечено 14 километри.[2] Сакулица е ридско село од сместено на надморска височина од 700 метри.[2] Всушност, Сакулица е село од разбиен тип чии што маала се издигнуваат на надморска височина од 550 до 700 метри. Средишното маало каде што минува асфалтниот пат и се наоѓаат училиштето и повеќето општествени установи е сместено на зарамнет предел опкружен со повеќе ридови од сите страни.

За географијата и местоположбата на Секулица, македонскиот револуционер Ѓорче Петров запишал дека тоа е расположено во подножјето на Црн Врв меѓу него и кумановскиот пат, а со крајните маала тоа се доближува до селата Стубол, Тополовиќ и Филиповци.[3] Средниот дел е на 2 ½ - 3 часа растојание од градот Кратово.[3] Селото е многу растурено, има обиколка околу 3 ½ часа и е разделено на следните пет маала: Грковци на каменливо место во подножјето на Црн Врв, Стубленци така наречено зашто се доближува до Стубол, Вуковци чиешто население води потекло од еден прадедо Вукан од кого произлегло и името на маалото, Крстевско така наречено според името на некојси Крсте, родоначалник на неговите жители и Анџиско маало така наречено зашто под него имало ан – Сакулички ан – на патот за Куманово кај излезот на Сакуловската Река во долината на Крива Река.[3] Покрај овие маала, во денешно време постојат и: Амбар Маало веднаш под ридот Градиште (560 м.н.в.), Новаковци и Николовска Маала. Местото меѓу маалата во селото и околу нив е ридско.[3] Некогаш ридовите како и Црн Врв биле покриени со густи „дубрави“ (дабови шуми), но сега тие се покриени со грмушки, а дрвја има малку.[3]

Ридовите кои го заокружуваат селото Секулица од сите страни ги носат следните имиња: Градиште (560 м.) на север, Минев Рид (565 м.) на северозапад, Стојменов Рид (597 м.) на запад, Горно Градиште (730 м.) на југозапад, Тасевица со врвот Ветерник (785 м.) и Средни Рид (694 м.) на југ, Барски Рид (702 м.) на југоисток, забележителниот Црн Врв (1115 м.) на исток и ридот Чука (697 м.) на североисток. Атарот на Секулица зафаќа простор од 18,2 км2, при што на него обработливото земјиште зафаќа површина од 709 ха, на шумите отпаѓаат 517 ха, а на пасиштата 472 ха.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во пишаните извори Сакулица се сретнува во турските пописни даночни дефтери од XVI и XVII век кога селото потпаѓало под вилаетот Кратово и било хас - сопственост на султанот (падишахот) во Ќустендилскиот санџак.[4] Во XVI век Секулица имало статус на царски хас и во него живееле 22 македонски христијански семејства и 19 неженети кои произведувале до 50 товари пченица, мешано жито, граор, коноп, грозје, вино, бостан и одгледувале свињи и пчели за што плаќале данок од 4335 акчиња.[4]

Mакедонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, дал опширен опис на географијата, местоположбата, историјата и стопанството на селото Секулица. Според неговите записи некогаш целото село било собрано во Анџиското маало каде што е селската црква, а неговото растурање се случило неодамна.[3] Порано селото се состоело само од три маала, меѓу кои главно било Анџиското.[3] Пред 14-15 години (околу 1880) многу од селаните биле затворени, а останатите жители во селото биле угнетени од власта. По извесно време некои семејства се одделиле од селото и се населиле погоре каде што ги основале 2-те нови маала – Грковци и Крстевци. Целото село кон крајот на XIX век имало 65 македонски куќи, сите чифлик на еден бег.[3] Сакуловчани некогаш биле луѓе со весел дух и биле прочуени свирачи и играчи во цело Кратовско.[3] Сепак, во последно време тие опаднале со духот главно поради сиромаштијата во која ги втурнале поседниците на селото со тешките давачки.[3]

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото кое е повеќе познато под името Сакулица, најверојатно потекнува и доаѓа од личното име Секула.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Според составот на атарот селото Секулица има мешовита земјоделска функција.[2] Населението на Секулица се занимава со земјоделство, сточарство како и со занаетчиски услужни дејности. Од поледелството најзастапено е одгледувањето на жита, грав, компир, додека од сточарството застапено е одгледувањето на крави и кози. Дел од жителите се занимаваат и со услужни и занаетчиски дејности како градежништво, ѕидарство, автопревоз, сеча на огревно дрво, електричарство итн. Како средишно место за повеќе околни села во Секулица работи и продавница.

Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својот опширен запис на селото Секулица, дал и прилично обемен опис на неговото стопанство и дејности на населението. Главните занимања на крајот на XIX век, па сѐ до денес, се земјоделството и сточарството. Ниските места се влажни и со дебела црноземна почва поради што сакуловчани садат најмногу пченица и ’рж.[3] Порано еднакво со нив саделе и јачмен, но од пред десетина години, тука како и во околните села тој не се сади главно поради метилот кој го фаќа секоја година. Болеста метил произлегува од едни мали мушички кои притиснати испуштаат сок.[3] Во пролет (околу Велигден) тие мушички му го шмукаат сокот поради што јачменот престанува да расте, побелува и не фаќа леб (зрно). Метилот ги фаќа пролетните јачмени и овеси.[3] Во зарамнините во сите планински села таа болест не постои. Природните јачмени пак измрзнуваат повеќето години. Од пченицата растат црвенката и брицата, којашто се сади само во тие села, а во другите места ретко се среќава.[3] Бидејќи е поубава и поскапа, брицата ја продавале на кумановскиот пазар како поголем. Сакулица од неа произведувала до 600 шиници.[3] Црвенката не вирее кога летото е многу жешко и поради тоа многу години не успева, но воопшто местото е погодно за неа зашто е јак црнозем. Во последно време садењето црвенка почна да се зголемува. Сакулица произведувала до 400 шиници црвенка. Во ниските и јаки места успева и добра пченка.[3] Местото е влажно и богато со трева којашто го храни сакулевскиот добиток.[3] Горните белешки важат и за другите околни села на Сакулица.

Во Сакулица на крајот на XIX век имало 1.000 глави овци, 600 глави кози и 200 говеда.[3] Само говеда продавале до 50 годишно. Од продажбата на животинска стока и жив добиток сакуловчани како и жителите на другите околни села, на крајот на XIX век ги покривале ситните домашни трошоци.[3] Според турските документи од XVI век, жителите на Секулица произведувале до 50 товари пченица, мешано жито, граор, коноп, грозје, вино, бостан и одгледувале свињи и пчели за што плаќале данок од 4335 акчиња.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во Секулица живееле 177 жители[1], од кои:

Од Сакулица се иселил голем број од населението и таа преминала од средна, во мала населба.[2] Така, во 1961 година селото броело 777 жители, а во 1994 бројот се намалил на 235 жители и во него живее само македонско население.[2]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 350 376 724 838 777 660 290 269 235 177
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Секулица, од секогаш па до денес било населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови кои денес живеат во Секулица, а се групирани во истоимените родовски маала, забележани од Ѓорче Петров на крајот на XIX век се: Грковци, Стубленци така наречено зашто се доближува, но и можеби зашто е основано од доселеници од селото Стубол, Вуковци чиешто население води потекло од еден прадедо Вукан од кого произлегло и името на родот и маалото, Крстевски така наречено според името на некојси Крсте, родоначалник на неговите жители.[3] Останати родови групирани во маала се: Новаковци, Николовски, Шопавци, како и семејствата Велковски, Стојановски, Лукановски. Речиси сите родови сте староседелски или доселени од околните села во Секулица како средишно место во пределот.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Како село со средишна положба околу повеќе соседни села во Секулица има повеќе општествени установи:

  • ПУ „Кочо Рацин“ - Секулица, подрачно основно училиште „Кочо Рацин“, составен дел на ОУ „Кочо Рацин“ - Кратово — целосно 9 годишно училиште со обновена зграда и игралиште
  • здравствена амбуланта
  • пошта
  • месна канцеларија за различни општи управни работи
  • продавница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во тогашната Општина Шопско Рударе, во која се наоѓале селата Вакуф, Кетеново, Коњух, Секулица, Татамир, Топаловиќ и Шопско Рударе. Општината Шопско Рударе постоела и во периодот 1950-1952 година.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Најголем дел од населението се иселил во Кратово, Скопје и Куманово, а иселеници има и во Пробиштип.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. ISBN 9989-862-00-1. 
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија. 385-386 (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. ISBN 978-608-245-113-8. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Соколоски, Методија (1980) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. V. Скопје: Архив на Македонија. стр. 52. 
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]