Куково Градиште (Кнежево)
Куково Градиште — градиште од доцноантичко време во атарот на селото Кнежево, Македонија. На зарамнетото плато со простор од 100 на 80 метри на високиот рид што се наоѓа на 1 километар источно од селското училиште се гледаат остатоци од масивни темели на бедем ѕидан од камен и варов малтер. Речиси по целата површина има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 183. ISBN 9989-649-28-6.