Прејди на содржината

Општина Крива Паланка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Крива Паланка
Општина
Знаме на Општина Крива ПаланкаГрб на Општина Крива Паланка
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСевероисточен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеКрива Паланка
Населени места
Управа
  ГрадоначалникСашко Митовски (СДСМ)
Површина
  Вкупна480,81 км2 (185,64 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно18.059
  Густина38/км2 (97/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+031
Регистарски табличкиKP
Мреж. местоkrivapalanka.gov.mk
Карта на општина Крива Паланка со селските атари.
Демографска карта на општина Крива Паланка со селските атари.

Општина Крива Паланкаопштина во Североисточна Македонија, Република Македонија. Седиште на општината е градот Крива Паланка.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општината го зафаќа североисточното подрачје од Република Македонија, простираќи се на средна надморска височина од 400 метри (Славишко Поле) до 2252 метри (врвот Руен) на Осоговските Планини. Крива Паланка е град кој лежи на устието на две реки: Крива и Дурачка, кои извираат високо во Осоговските Планини во југоисточнниот дел од општината.

Општина Крива Паланка се протега на површина од 480,81 км2 на која се наоѓаат повеќе населени места - градот Крива Паланка и селата Б’с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т’лминци, Трново и Узем.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во Општина Крива Паланка живеат: 19 998 Македонци (96,06 %), 668 Роми (3,21 %), 103 Срби (0,49 %) и други (0,24 %).[2]

Вероисповед Вкупно
православни 20.015
муслимани 530
католици 14
протестанти 0
останати 261
Јазик Вкупно
македонски 20.009
албански 0
турски 8
ромски 662
влашки 1
српски 97
бошњачки 1
останати 42

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Крива Паланка е Сашко Митовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[3]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[4]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

ФК Осогово (Крива Паланка), оформен 1934 година, а во својата историја носел разни имиња, како Бентос и слично. Тука својата кариера ја има почнато Срѓан Захариевски.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  4. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]