Варовиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Варовиште
Варовиште is located in Македонија
Варовиште
Местоположба на Варовиште во Македонија
Координати 42°12′32″N 22°21′45″E / 42.20889° СГШ; 22.36250° ИГД / 42.20889; 22.36250Координати: 42°12′32″N 22°21′45″E / 42.20889° СГШ; 22.36250° ИГД / 42.20889; 22.36250
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Население 87 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1.114 м. м

Варовиште е село во Општина Крива Паланка. Селото се наоѓа на 3 километри од Крива Паланка и на 2 километри од Осоговскиот манастир. Селото е мало и е дел од областа Славиште. Според пописот од 2002 година, селото имало 87 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Варовиште се наоѓа на 3 километри источно од градот Крива Паланка и на два километри од Осоговскиот манастир. Географски е дел од областа Славиште. Селото се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини. Атарот на селото зафаќа површина од 4,55 квадратни километри. Јужно од селото се наоѓа селото Кошари, источно е селото Кркља, северно е Дрење, а западно е Крива Паланка.

Историја[уреди | уреди извор]

Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, кон крајот на 19 век селото било мало и во 1900 година имало 90 жители Христијани.[1] Од другата страна пак, според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 112 жители.[2] По Втората светска војна селото имало 127 жители[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, селото има население од 87 жители, сите Македонци.

Родови[уреди | уреди извор]

Варовиште е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Варовиште се: Величковци (5 куќи) доселени се од Радомир во Бугарија, ја знаат следната генеологија Славе (жив на 70 год. во 1973 година) Спасе-Величко-Митре, основачот на родот; Калиновци (4 куќи), Николовци (3 куќи) и Јовановци (1 куќа) потекнуваат од ист предок, доселени се од селото Градец; Мачкарци (4 куќи) доселени се од селото Длги Дол, кочанско; Ќосевци (4 куќи) доселени се од селото Градец; Бошковци (3 куќи) доселени се од селото Осиче; Ристовци (3 куќи) и они се доселени од Градец.[4]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
  2. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
  3. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
  4. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 318-319. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]