Кошари
Кошари | |
Куќа во селото Кошари | |
Координати 42°12′1″N 22°21′9″E / 42.20028° СГШ; 22.35250° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Крива Паланка |
Област | Дурачка Река |
Население | 59 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1330 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15022 |
Надм. вис. | 900 м |
Слава | Духовден |
Кошари на општинската карта Атарот на Кошари во рамките на општината | |
Кошари на Ризницата |
Кошари — село во областа Дурачка Река, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Постои предание дека на денешното село, Турците имале сточарски објекти, „кошари“. По нив и самото село подоцна го добило името.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Дурачка Река, речиси во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, од левата страна на Крива Река, недалеку од самиот град Крива Паланка, на оддалеченост од четири километри.[3] Селото е ридско, чии маала се сместени на надморска височина од 900 до 1.060 метри.[3]
Селото е мало, сместено во непосредна близина на градот Крива Паланка, од неговата лева страна. Околни села се: Варовиште на север и Дурачка Река на југоисток.[2]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Осој, Солиште, Голема Њива, Длага Њива, Равна Њива, Однесена Њива, Средња Њива, Црвена Њива, Сливче и Св. Троица.[2]
Селото е од разбиен тип. Се разликуваат три маала: Долно (9 к.), Средно (5 к.) и Горно (7 к.). Долното Маало се наоѓа во долината на Дурачка Река, во непосредна близина на градот, додека другите две се на повисок терен.[2]
Во периодот 1994-2002, Долното Маало било отстрането од атарот на селото и било пренесено во градското подрачје на Крива Паланка, што може да се забележи во драстичниот пад на жители на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Долното Маало постои месност Градиште, на која бил ископан голем земјен ќуп од страна на мештанин од Средно Маало. Кај месноста има и други старини.[2]
Селото влегува во поновите населби во областа. Било основано околу 1860 година, најверојатно од жители на Огут. Најпрвин, ја обработувале земјата на Турците, но подоцна истата ја купиле..[2]
Во XIX век, Кошари било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 120 хектари, на пасиштата отпаѓаат 65 хектари, а на обработливото земјиште 60 хектари.[3]
Селото, во основа, нема некоја посебна земјоделска функција.[3]
До крајот на Втората светска војна, селото имало развиено сточарство, но подоцна со одлука на властите за пошумување на пасиштата и обработливите површини, сточарството претрпело голем удар.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кошари имало 42 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кошари имало 92 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
По Првата светска војна селото било дел од општината Дурачка Река и имало 90 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Поради близината до градот, Кошари станало имиграциско место. Од тие причини, бројот на населението се зголемил од 130 жители во 1961 година, на 605 жители во 1994 година, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Кошари живееле 21 жител, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 42 | 92 | 161 | 162 | 130 | 149 | 434 | 631 | 605 | 21 | 59 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Кошари е македонско село.[2]
Родови во селото се:
- Долно Маало: Митевци (3 к.), Пешовци (3 к.) и Јаќимовци (3 к.), потекнуваат од предци доселени од некаде
- Средно Маало: Павлевци (5 к.), доселени се од селото Огут, го знаат следното родословие: Тоде (жив на 51 г. во 1973 година) Јордан-Алексо-Павле, основачот на родот кој се доселил
- Горно Маало: Тасевци (7 к.), доселени се однекаде.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Доселеници: Маневци (6 к.) доселени се околу 1808 година од Крива Паланка; Карафилкинци (4 к.) доселени се околу 1868 година од Герман или Калово во Горна Пчиња (второто село се наоѓа во Србија); Тасевци со Павловци (10 к.) доселени се околу 1875 година од селото Огут во Горна Пчиња.[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Во периодот 1950-1952, селото, исто така, било дел од некогашната Кривопаланечна градска општина, во која влегувале градот Крива Паланка и селата Варовиште, Дрење, Кошари и Лозаново.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0942 според Државната изборна комисија, кое опфаќа и дел од градот Крива Паланка, сместено во средното училиште „Ѓорче Петров“.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 964 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[16]
- Градиште — градиште од доцноантичкото време
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Духовден — селска слава, кога мештаните се собираат во Средното Маало, кај крстот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 320–322.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 161. Посетено на 22 јуни 2019.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-13.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јуни 2019.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 22 јуни 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2022-12-07. Посетено на 22 јуни 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|