Голема Црцорија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема Црцорија

Поглед на маалото Лазаров Дол на селото Голема Црцорија

Голема Црцорија во рамките на Македонија
Голема Црцорија
Местоположба на Голема Црцорија во Македонија
Голема Црцорија на карта

Карта

Координати 42°18′39″N 22°19′50″E / 42.31083° СГШ; 22.33056° ИГД / 42.31083; 22.33056Координати: 42°18′39″N 22°19′50″E / 42.31083° СГШ; 22.33056° ИГД / 42.31083; 22.33056
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 18 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1334
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15010
Надм. вис. 1.069 м
Голема Црцорија на општинската карта

Атарот на Голема Црцорија во рамките на општината
Голема Црцорија на Ризницата

Голема Црцорија — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Од 6 мај 2011 година работи привремениот граничен премин „Голема Црцорија-Голеш“ со Србија.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Маалото Река на селото Голема Црцорија

Селото се наоѓа во областа Славиште, во крајниот северен дел на територијата на Општина Крива Паланка, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[3] Селото е планинско, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 1.000 до 1.100 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 13 километри.[3]

Голема Црцорија има простран атар. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Пресека, Солуменица, Катуниште, Китка, Пдиње, Турска ’Ртина, Грмаѓе, Чука, Степанова Бара, Пченичиште, Бошковица, Длибоки Дол, Рид, Корутине, Честак, Црвена Чука, Петрова Чука и Брањеница.[4]

Селото има разбиен тип. Се разликуваат овие маала: Клинчов Дол, Слатиње, Чепинци, Падиње, Рупје, Голупци, Баратлици и Бањиште. Во секое маало живеат членови на истоимените родови.[4]

Селото се наоѓа севернo од градот Крива Паланка. Географски е дел од областа Славиште. Јужно од селото се наоѓа селото Добровница, источно е Мала Црцорија, северно е Србија, а западно е Крстов Дол.

Историја[уреди | уреди извор]

Во атарот на селото постојат старини на месностите: Градиште, Стаменови Трла, Студена Вода и Слатиње. Биле пронајдени големи земјени ќупови и остатоци на камени ѕидови.[4]

Постои верување дека селата Мала и Голема Црцорија биле основани од два браќа. Постариот се населил во Голема Црцорија, додека помалиот отишол во Мала Црцорија. Браќата, Мал и Голем Црцорко, се доселили негде од Србија. Во турско време, атарот на Голема Црцорија го држеле самите селани, додека атарот на Мала Црцорија бил чифлик.[4]

Голема Црцорија, заедно со селото Крстов Дол, страдало од колера.[4]

Во XIX век, Голема Црцорија било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 10,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 506 хектари, на пасиштата отпаѓаат 304,3 хектари, а на шумите 168,5 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948492—    
1953453−7.9%
1961402−11.3%
1971351−12.7%
1981238−32.2%
ГодинаНас.±%
1991122−48.7%
1994137+12.3%
200285−38.0%
202118−78.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голема Црцорија имало 540 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Голема Црцорија имало 520 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

По Првата светска војна селото било дел од општина Подржи Коњ и имало 489 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8]

Од ова село значителен дел од населението се иселил. Во 1961 година, селото броело 402 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 137 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Голема Црцорија живееле 85 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 16 Македонци, 1 Албанец и 1 лице без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 540 520 492 453 402 351 238 122 137 85 18
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови[уреди | уреди извор]

Голема Црцорија е македонско православно село, родовите во селото се доселенички. Основачот на селото, Голем Црцорко, потекнува некаде од Србија. Родови во селото се:[4]

  • Најстари родови: Клинчевдолци (13 к.), Падилјани (10 к.), Голупци (9 к.) и Рупјани (6 к.).
  • Останати родови: Слатињани (10 к.), доселени од селото Црвен Град, Горна Пчиња; Баратлици (8 к.), доселени од соседното село Добровница, каде имаат истоимени роднини; Бањиштани (6 к.), доселени од околината на Ќустендил, Бугарија; Чепинци (2 к.), доселени некаде од Србија.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Вучковци (3 к.); Присојарци или Ѓоргевци (2 к.); Милковци или Речани (3 к.); Черкези (4 к.); Деа Стоилковци (2 к.); Легенци или Тодоровци (1 к.); Василовци (1 к.); Ѓоргевци втори (1 к.); Милковци втори (1 к.); Стојановци (3 к.); Пешинци или Пешини (1 к.); Спасевци (3 к.); Стојковци или Илијевци (3 к.); Николовци или Ѓоргиевци (1 к.); Шопинци (2 к.); Чукарци (2 к.); Маџовци (3 к.); Николовци (2 к.); Ристовци (2 к.); Митровци (1 к.); Јаќимовци или Петревци (3 к.); Ивановци (3 к.); Илевци со Илијовци (2 к.); Смилковци (1 к.); Долинарци (3 к.) се делат на Анѓеловци и Стојановци; Баратлијци (6 к.) се делат на Деа Стојановци и Деа Стојчевци; Бањиштарци (4 к.).
  • Доселеници: Белавинци (3 к.) доселени се околу 1825 година од соседното село Мала Црцорија; Стојчинци (2 к.) доселени се околу 1885 година од селото Голеш кај Босилеград, денес во Србија; Јовановци втори (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Црна Река во Горна Пчиња, денес во Србија.[15]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Граничен премин „Голема Црцорија-Голеш“[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Добровница, во која покрај селото Голема Црцорија, се наоѓале и селата Добровница, Луке, Крстов Дол, Мала Црцорија и Подржи Коњ. Општината Добровница постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Голема Црцорија, Добровница, Крстов Дол и Мала Црцорија.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0978 според Државната изборна комисија, кое е сместено во караулата „Луке“ во селото.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 54 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Реки

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Голема Црцорија

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото имало големо иселување помеѓу двете светски војни. Иселениците од селото главно се населиле во банатското село Качарево (околу 30 к.), Скопје, Пробиштип, Велес и други.[4]

Одредени родови како Анѓелкови (4 к.), Миткови (1 к.), Јаќимови (1 к.), Шундеви (1 к.), Смилкови (1 к.), Станојкови (1 к.) и Бошкови (1 к.), живеат во селото Видовиште крај Кочани; Дебелоосојчани (4 к.) живеат во Трговиште; Црцорци (6 к.) живеат во селото Клечевце крај Куманово и Црцорци (2 к.) живеат во Јачинце крај Куманово.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Отворен граничен премин „Голема Црцорија-Голеш". Општина Крива Паланка. 2011-05-09. Посетено на 2019-05-14.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 71. Посетено на 12 мај 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 258–259.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  7. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 30“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-11.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 мај 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 мај 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 13 мај 2019.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]