Длабочица (Кривопаланечко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Длабочица
Поглед на Длабочица.jpg

Поглед на Вучково Маало на селото Длабочица

Длабочица is located in Македонија
Длабочица
Местоположба на Длабочица во Македонија
Координати 42°11′54″N 22°14′29″E / 42.19833° СГШ; 22.24139° ИГД / 42.19833; 22.24139Координати: 42°11′54″N 22°14′29″E / 42.19833° СГШ; 22.24139° ИГД / 42.19833; 22.24139
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Област Славиште
Население 144[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1333
Повик. бр. 031
Надм. вис. 722 м
Commons-logo.svg Длабочица на Ризницата


Длабочица — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќа во селото Длабочица

Селото се наоѓа во областа Славиште, во западниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, и западно од самиот град Крива Паланка, на оддалеченост од околу 12 километри.[2] Селото е раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 930 до 1.100 метри.[2]

Куќите на ова село се наоѓаат помеѓу Длабочичка Река на запад и Баштевска Река на исток. Во долниот тек на селото, двете се спојуваат во една, која подоцна се влева во Крива Река. Селото е во насока северозапад-југоисток. Околни села се Петралица на запад, Баштево на север, Габар на север и Т’лминци на исток.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Осоје, Врањски Гробишта, Средња ’Ртина, Чанкине Куќе, Аџијци, Деда-Митревци, Клисари, Просеченик, Парлапанци, Долно Поле, Селиште и други.[3]

Селото има разбиен тип. Се дели на следниве маала: Клисарско, Аџијско, Деда-Митревско, Брдачко и Чанкина.[3] Многу од самите маала се поделени на помали групи на куќи, кои една од друга се доста издвоени.

Селото се наоѓа близу до главниот пат Крива Паланка-Куманово, на ридско-планински предел.

Историja[уреди | уреди извор]

За минатото на селото се знае многу малку. Сепак, во селото се пронајдени старини. Градиште на устието на Длабочичка Река во Крива Река е стрмно карпесто возвишување, во близина на месноста Врањски Гробишта.[3]

Во историските извори се наведува селото Глобочица. Податокот потекнува од 1355 година. Некои автори сметаат дека се работи за денешното село Длабочица.[3]

Едно предание наведува дека ова село некогаш имало само 5-6 куќи, сместени во денешното Клисарско Маало, во горниот дел на селото. Меѓутоа, тие жители развиле активен сточарски живот. Поради тоа, на атарот на селото постоеле сточарски трла, кои во XIX век постепено биле претворани во издвоени маала.[3]

Во XIX век, Длабочица било село во Кривопаланечка каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е голем и зафаќа простор од 12 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 516,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 434 хектари, а на шумите само 56,5 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство, но во поново време, многу ниви се останати необработени поради иселувањето на жителите.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Длабочица имало 500 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Длабочица имало 576 жители, егзархисти.[5]

По Првата светска војна селото имало 544 жители.[6]

И во ова село, населението се преполовило. Така, во 1961 година селото броело 510 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 208 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Длабочица живееле 144 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500 576 427 471 510 443 280 216 208 144
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Длабочица е македонско село, населено со македонски родови, кои се староседелци и доселени. Доселени се само оние кои живеат во Чанкино Маало.[3]

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Клисарци (13 к.), Аџијци (13 к.), Дедо-Митровци (9 к.) и Брдарци (8 к.), сите си живеат во посебни маала.
  • Доселеници: Чанкинци (7 к.), живеат во посебно маало. Доселени се од селото Псача.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на поранешното основно училиште
Влезот во гласачкото место во селото
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било средиште на тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Длабочица, се наоѓале и селата Баштево, Борово, Мождивњак, Псача и Т’лминци. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0966 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште. Во изборното место е опфатено и селото Баштево.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 232 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[12]
Цркви[13]
Реки[14]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Илинден — овој празник се слави како селска слава. Се организира и турнир во мал фудбал на игралиште на ФК „Крива Река“.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Длабочица е село во кое тешко се живее. Повоени иселеници највеќе има во Скопје (20 семејства). Родот Алексовци се иселил во селото Клечовце кај Куманово.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 24 мај 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 96. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 24 мај 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 279-280. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 30.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  10. "Описи на ИМ". конс. 24 мај 2019. 
  11. "Претседателски избори 2019". конс. 24 мај 2019. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  14. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]