Баштево
Баштево — село во Општина Крива Паланка. Селото се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка и е дел од географската област Славиште.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Баштево се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка. Географски е дел од областа Славиште. Селото се наоѓа во подножјето на планината Герман на десниот брег на Баштевска Река. Атарот на селото зафаќа површина од 7,59 квадратни километри. Јужно од селото се наоѓа селото Длабочица, источно е селото Габар, северно е Метежево, а западно е Општина Ранковце.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Кривопаланечката каза во Отоманското Царство.
По Првата светска војна селото имало 489 жители[1].
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Конопница живееле 264 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мождивњак имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според последниот попис од 2002 година, селото има население од 13 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 264[2] | 256[3] | 199 | 232 | 244 | 243 | 94 | 36 | 42 | 13 |
Родови[уреди | уреди извор]
Баштево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Родови во Баштево се: Вргинци (3 куќи) староседелци; Риѓани (10 куќи) и Ѓоринци (5 куќи) потекнуваат од двајца браќа Стојан и Ѓоре, доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња. Во родот Риѓани се знае следното родословие: Наско (жив на 70 г. во 1973 година) Јаќим-Павле-Атанас-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Грамадчани (4 куќи) доселени се однекаде; Попиќевци (2 куќи) исто така доселени се однекаде; Качаровци (1 куќа) и они не знаат од кај се доселени; Аџици (1 куќа) доселени се однекаде; Брајановци (3 куќи) најмлад род во селото, доселени се од соседното село Петралица.[6]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Павловци (3 к.), Качарци (1 к.) и Вргинци (5 к.)
- Доселеници: Ѓоринци (4 к.) доселени се околу 1805 година од селото Сурлица кај Трговиште (Горна Пчиња); Попиќовци (7 к.) доселени се во 1860 година од селото Оризари кај Кочани; Грамаци (5 к.) доселени се околу 1820 година од селото Сурлица кај Трговиште во Горна Пчиња; Брејанци (3 к.) околу 1825 година се одвоиле од својот матичен род (Брејановци) во Петралица; Милошовци или Кокорејци (5 к.) доселени се околу 1835 година од селото Сурлица кај Трговиште во Горна Пчиња; Дидинци (2 к.) доселени се околу 1888 година од селото Тлминци.[7]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1953 година:
- Од Павловци иселеници има во: Младо Нагоричане кај Куманово (едно семејство од 1921, во 1953 г. се две). и во Црвулево во Општина Карбинци (едно семејство од 1927 година).
- Од Качарци иселеници има во: Димонце кај Кратово (едно семејство од 1922 година), и во Јабука во Војводина (три семејства од 1946 година).
- Од Ѓоринци иселеници има во: Романија (едно семејство од 1903 година), Крива Паланка (едно семејство од 1921 година) и во Качарево во Војводина (едно семејство од 1946 година).
- Од Грамадци иселеници има во: Ерџелија во Овче Поле (едно семејство од 1923 година) и во Качарево во Војводина (три семејства од 1946 година).
- Од Брејанци иселеници има во: Горобинци во Овче Поле (едно семејство од 1920 година).
- Од Кокорејци иселеници има во: Горобинци во Овче Поле (едно семејство од 1923 година) и во Качарево во Војводина (едно семејство од 1946 година).[7]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 280–281.
- ↑ 7,0 7,1 Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Месни заедници на Општина Крива Паланка на официјалната страница.
- Сателитска снимка на Баштево на Карти на Google
|