Мождивњак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мождивњак
Мождивњак is located in Македонија
Мождивњак
Местоположба на Мождивњак во Македонија
Координати 42°9′28″N 22°15′14″E / 42.15778° СГШ; 22.25389° ИГД / 42.15778; 22.25389Координати: 42°9′28″N 22°15′14″E / 42.15778° СГШ; 22.25389° ИГД / 42.15778; 22.25389
Општина Општина Крива Паланка
Население 770 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1333
Надм. вис. 822 м
Commons-logo.svg Мождивњак на Ризницата

Мождивњак — село во Општина Крива Паланка, во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Географијa и местоположба[уреди | уреди извор]

Мождивњак се наоѓа во областа Славиште, на оддалеченост од 8 километри западно од Крива Паланка, со комплетен асфалтиран пат. Атарот на селото зафаќа површина од 12,39 квадратни километри. На север се граничи со селата Длабочица и Т’лминци, на исток со селата Конопница и Борово, на југ со Општина Кратово и на запад со Општина Ранковце.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) от 1900 година, во Мождивњак живеат 675 жители, од кои 630 жители Македонци и 45 Роми.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мождивњак имало 680 Македонци, егзархисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 770 жители, од кои 769 се Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 675[1] 680[2] 714 739 671 634 677 732 694 770

Родови[уреди | уреди извор]

Мождивњак е македонско село.

Родови во селото се: Остречани (7 к.) доселени се од кратовското село Нежилово, родот го основал Рајко; Ќиселичани (4 к.) и они се доселени од споменатото село Нежилово; Суводолци (17 к.) најверојатно се староседелци; Кајсторовци (16 к.) и они се најверојатно староседелци; Чифлижани (17 к.) доселени се од селото Петралица; Грамадци (4 к.), Ѓунерци (3 к.), Аџици (2 к.), Антовци (2 к.), Соколовци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Прекориѓани (2 к.), Чековци (1 к.) и Фудовци (1 к.) помеѓу овие родови некои се староседелци, а некое доселени од околината на Врање, така се Антовци по потекло од околината на Врање, таму утепале некој Турчин, па преминале во селото Нежилово, кратовско. Од Нежилово во Мождивњак преминал Анто, а неговите браќа останале во Нежилово. Ја знаат следната генеологија Станојко (жив на 57 год. во 1973 година) Јаќим-Ѓорѓе-Анто, основачот на родот.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.184-185.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 333-334-335-336.