Црква „Св. Троица“ - Мождивњак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Троица
Црква „Св. Троица“ - Мождивњак.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Местоположба
Координати 42°9′34″N 22°15′13″E / 42.15944° N; 22.25361° E / 42.15944; 22.25361Координати: 42°9′34″N 22°15′13″E / 42.15944° N; 22.25361° E / 42.15944; 22.25361
Населено место Мождивњак
Општина Крива Паланка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Троица
Изградба 1936
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Света Троица — главна селска и гробјанска црква во селото Мождивњак, Кривопаланечко.[1]

Околу црквата се сместени и селските гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во средниот дел на Мождивњак.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека била изградена пред крајот на турската власт. Претходно на тоа место се наоѓала стара црква.[2]

Сепак, според историчарот на уметноста Коста Балабанов, црквата била изградена во 1936 година.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е мала, еднобродна правоаголна градба со покрив на две води. Има отворен трем на западната и на јужната страна. Влезот е сместен на западната страна, на кој има отворено две прозорски окна, додека на јужниот и на северниот ѕид има по три правоаголни прозорци. Таванот средишно е изведен со рамна дрвена површина, додека кон бочните ѕидови оди во косина, со што се симулира полуобликуван свод.[3]

На западната страна е направена имитација на галерија без скали за приод кон неа, а на исток едноставниот иконостас на два ката го двои олтарниот простор, каде што полукружниот таван доловува своевиден апсидален простор вметнат во правоаголна форма.[3]

Била изградена од кршен камен, премачкана со цементен малтер и нема особена архитектонска вредност.[3]

Непосредно до самата црква, од нејзината јужна страна, бесправно изграден е параклис од страна на жител на селото, за кое надлежниот свештеник тврди дека имало темели од постара црква.[3]

Во црковниот двор, на јужната страна зачуван е објект, кој денес е трпезарија, а во минатото бил користен и како селско училиште.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црква нема фрескоживопис.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Во црквата се наоѓаат три престолни икони од XVI век, за кои мештаните сведочат дека биле донесени од некоја запуштена црква во Штипско. Најверојатно, овие икони потекнуваат од црквата „Св. Никола“ во селото Павлешенци или црквата „Св. Никола“ во селото Крупиште. Овие икони се: „Исус Христос“, „Богородица со Христос“ и „Свети Никола“. Овие икони, денес, се поставени на едноставниот иконостас, направен од дрвени греди и летви без сликана или резбана декорација.[3]

Свети Никола на иконата е насликан во допојасје, облечен во фелон во кафена боја и зелен омофор, украсен со четири крста. На иконата „Богородица со Христос“ допојасно е претставена Богородица со малечкиот Христос, кого го држи во левата рака, додека со десната покажува кон него, поради што припаѓа на типот Одигитрија. Христос на посебната икона е насликан допојасно.[3]

При конзерваторските истражувања на иконата „Свети Никола“ биле откриени дилеми околу тоа од каде потекнуваат овие три престолни икони. На задната страна на дрвениот носач на иконата бил откриен постар слој на кој се наоѓа сцена на која е насликан Свети Илија во пустината кај потокот Хорат. Оваа икона на Свети Илија се смета за осамен пример во Македонија не само во средновековниот, туку и во поствизантискиот период.[3]

Согласно стилско-ликовните особености на овие три престолни икони, истите може да се сместат во првата половина на XVI век. Според нивниот квалитет се вбројуваат во најдобрите остварувања на иконописното творештво во Македонија од тој период.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 41. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 266.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Николовски, Дарко. Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак, Крива Паланка. Патримониум. стр. 185.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]