Мартиница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мартиница
Мартиница is located in Македонија
Мартиница
Местоположба на Мартиница во Македонија
Координати 42°11′21″N 22°19′32″E / 42.18917° N; 22.32556° E / 42.18917; 22.32556Координати: 42°11′21″N 22°19′32″E / 42.18917° N; 22.32556° E / 42.18917; 22.32556
Општина Крива Паланка
Население 157 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 15031
Надм. вис. 987 м
Мартиница на општинската карта
Мартиница во Општина Крива Паланка.svg

Атарот на Мартиница во рамките на општината

Мартиница — село во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Славиште, во северните ограноци на Осоговските Планини, оддалечено на 2,5 километри јужно од Крива Паланка. Атарот на селото зафаќа површина од 5,57 квадратни километри. На север се граничи со градот Крива Паланка, на исток и југоисток со селото Дурачка Река и на југозапад и запад со селото Конопница.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Кривопаланечката каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мартиница живееле 285 жители, од кои 240 Македонци и 45 Роми.[1]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мартиница имало 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 157 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 285[1] 184[2] 302 355 310 345 245 179 182 157

Родови[уреди | уреди извор]

Мартиница е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени, селото потекнува од околу 1850та кога се населил првиот род. Родови во Мартиница се: Бујинци (8 куќи) доселени се од некаде, околу 1850та они се најстар род во селото, основачот на родот се викал Бујо; Радевци (6 куќи) доселени се од некое село кај Сурдулица, го знаат следното родословие: Милан (жив на 58 г. во 1973 година) Стојан-Стеван-Раде, основачот на родот кој се доселил; Басјанци (4 куќи) доселени се после споменатите два рода од селото Б’с, во Б’с се доселени од селото Караманица кај Босилеград, го знаат следното родословие: Спасе (жив на 60 г. во 1973 година) Ѓорѓе-Младен, кој се доселил од Б’с; Калакасовци (7 куќи) доселени се однекаде, после претходниот род; Пауновци (4 куќи) ни они не знаат од каде се доселени.[5]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ристовци (1 к.) и Калакасовци (9 к.)
  • Со непознато потекло: Лековци (2 к.)
  • Доселеници: Ѓоргијовци (2 к.) доселени се однекаде, одамна; Ѓаковци (2 к.) и они се доселени однекаде; Пауновци (6 к.) доселени се пред 1820 година, однекаде; Гранџовци (3 к.) и тие се доселени од непознато место, околу 1860 година; Бујинци (8 к.) доселени се од селото Петралица, каде имале роднини; Радевци (12 к.) доселени се околу 1840 година од околината на Сурдулица во Србија; Базјани (5 к.) доселени се од селото Бс; Зајци (2 к.) доселени се од селото Конопница; Попанци (2 к.) и они се од Конопница; Лепојци (3 к.) доселени се околу 1866 од некое место Сураица; Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Киселица.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 225.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.142-143.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 328–329.
  6. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]