Б’с

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Б’с
Б’с се наоѓа во Republic of Macedonia
Б’с
Местоположба на Б’с во Македонија
Координати 42°11′15″ СГШ 22°23′12″ ИГД / 
Регион Дурачка Река
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Население 63 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1.210 м

Б’ссело во Општина Крива Паланка. Се наоѓа југоисточно од градот Крива Паланка. Селото се наоѓа во географската област Дурачка Река и има население од 63 жители. Б`с е населено место со најкратко име во Македонија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Б’с се наоѓа на 6 км југоисточно од градот Крива Паланка. Географски е дел од областа Дурачка Река. Селото се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини по горното течение на Дурачка Река. Атарот на селото зафаќа површина од 6,85 квадратни километри. На север се граничи со селото Варовиште, на североисток со селото Кркља, на југозапад со селото Станци и на запад со селото Дурачка Река.

Историја[уреди | уреди извор]

Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, кон крајот на XIX век селото било мало и во 1900 година имало 123 жители христијани.[1] Од другата страна пак, според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 72 жители.[2] По Втората светска војна селото било дел од општина Дурачка Река, а денес во склоп на Крива Паланка..[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, селото има население од 63 жители, сите Македонци.

Родови[уреди | уреди извор]

Б'с е македонско православно село, родовите во селото се доселенички, селото е основано околу 1860-70та. Родови во селото Б'с се: Караманци или Јаневци (7 куќи), Величковци (6 куќи), Цветковци (5 куќи), Јаќимовци (2 куќи), Јовчевци (1 куќа) и Младеновци (1 куќа) предците на овие родови се доселени од селото Караманица, кај Босилеград. Во родот Караманци се знае следната генеологија Спасо (жив на 70 год. во 1973 година) Стојан-Јанко, основачот на родот кој се доселил; Кочанци или Тасевци (2 куќи) потекнуваат од предокот Стојмен, кој се доселил од некое село во кочанско.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
  2. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
  3. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
  4. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 322-323. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]