Т’лминци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Т’лминци
Поглед на Т’лминци.jpg

Поглед на селото Т’лминци

Т’лминци is located in Македонија
Т’лминци
Местоположба на Т’лминци во Македонија
Координати 42°11′2″N 22°15′51″E / 42.18389° СГШ; 22.26417° ИГД / 42.18389; 22.26417Координати: 42°11′2″N 22°15′51″E / 42.18389° СГШ; 22.26417° ИГД / 42.18389; 22.26417
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Област Славиште
Население 73[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1333
Повик. бр. 031
Т’лминци на општинската карта
Т’лминци во Општина Крива Паланка.svg

Атарот на Т’лминци во рамките на општината
Commons-logo.svg Т’лминци на Ризницата


Т’лминци — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Етимологија[уреди | уреди извор]

За името на селото има две мислења: првото е дека потекнува од патронимиско име на -ци, бидејќи основоположникот на селото е дојден од селото Горно Т’лмино, додека другата ја спомнува врската со потеклото на името на Долно и Горно Т’лмино (Босилеградско), чии имиња доаѓаат од т’лма (купче, грамада).[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорама на селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во југозападниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, недалеку од патот Крива Паланка-Куманово, а на десната страна на реката Крива Река.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на височина од 720 до 800 метри.[3]

Селото е сместено во средниот и долниот дел на долината на Габерска Река. Околни села се Габар на север, Градец на исток и Длабочица на запад.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мрамор, Шумати Рид, Кирева Бавча, Спаиски Гумна, Цигански Куќи, Црвеница, Лозја, Спас, Мал Мрамор и Орница.[4]

Селото е од разбиен тип. Се дели на три маала: Горно со 12 куќи, Средно со 8 куќи и Долно со 6 куќи. Долното Маало е населено од иселени родови од повисоките планински села во областа по Втората светска војна.[4]

Т’лминци се наоѓа на запад од градот Крива Паланка.

Историja[уреди | уреди извор]

Т’лминци е младо село. Било основано околу 1870 година од двајца браќа доселени од планинското село Т’лмино, Босилеградско. Се иселиле од таму поради големи давачки. Тие ги основале Горно и Средно Маало.[4]

Во XIX век, Т’лминци било село во Кривопаланечка каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 3 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 137 хектари, а на шумите отпаѓаат 129 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Мештаните во Горно и Средно Маало повеќе се занимавале со сточарство, додека Долно Маало повеќе со земјоделство, поради што истото и го нарекувале Чифличко Маало.[4]

До 1960-тите години, мештаните живееле само од сточарство и земјоделство, но подоцна започнале да работат како градежници, најпрвин во Скопје, а подоцна и во странство.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Т’лминци имало 250 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Т’лминци имало 208 жители, егзархисти.[6]

По Првата светска војна селото било дел од општината Мождивњак и имало 135 жители.[7]

Селото е мало и населено со македонско население. Така, во 1961 година имало 225 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 95 жители.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Т’лминци живееле 73 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250 208 199 208 225 221 172 124 95 73
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Т’лминци е македонско село, населено со македонски родови, кои се доселени.[4]

Родови во селото се: Павловци (13 к.), живеат во Горно Маало, и Чифлижани (9 к.), живеат во Средно Маало, споменатите два рода потекнуваат од двајца браќа доселени од селото Т’лмино кај Босилеград, во родот Павловци се знае следната генеологија Тодос (жив на 65 год. во 1973 година) Мито-Павле, основачот на родот кој се доселил; Баштевци (2 к.), Градчани (2 к.), Конопничани (1 к.) и Чифлижани (1 к.), живеат во Долно Маало, првите три рода се од селата по кои ги носат имињата, а четвртиот род е од Средното Маало во самото село Тлминци, каде имаат истоимени роднини. Сите родови се доселени после Втората светска војна.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Т’лминци, се наоѓале и селата Баштево, Борово, Длабочица, Мождивњак и Псача. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0967 според Државната изборна комисија.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 61 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Реки[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Спасовден — овој празник се слави како селска слава
  • Свети Јован зимен — помал собир

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 28 јули 2019. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 168. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 296. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 28 јули 2019 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 278-279. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  7. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. „Описи на ИМ“. конс. 28 јули 2019. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 28 јули 2019. 
  13. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 21. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]