Борово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борово
Панорама на Борово.jpg

Влезот во селото Борово

Борово is located in Македонија
Борово
Местоположба на Борово во Македонија
Координати 42°9′5″N 22°16′43″E / 42.15139° СГШ; 22.27861° ИГД / 42.15139; 22.27861Координати: 42°9′5″N 22°16′43″E / 42.15139° СГШ; 22.27861° ИГД / 42.15139; 22.27861
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Област Славиште
Население 87[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1333
Повик. бр. 031
Надм. вис. 915 м
Слава Ѓурѓовден
Commons-logo.svg Борово на Ризницата


Борово — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото се верува дека потекнува од зимзеленото дрво бор и со додавање на -ово или како придавско име од бор со значење на „борово место, место покриено со борје“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на околината на селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во јужниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, на северните падини на Осогово, каде што се допира со подрачјето на Општина Кратово.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 920 до 1.080 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 14 километри.[3]

Селото се наоѓа на Осоговските Планини, во пространото изворишно подрачје на Мождивњачка Река. Просечната надморска височина на која е сместено селото е 1000 метри. Околни села се: Конопница на север и Мождивњак на запад.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кошарци, Вирови, Оро-игриште, Ѓубриште, Краиште, Дабје, Колосек, Селиште и други.[4]

Селото има разбиен тип. Се разликуваат четири маала: Борово, Колосек, Кошари и Ново Село.[4]

Селото Борово се наоѓа југозападно од градот Крива Паланка. Јужно од селото се наоѓа Општина Кратово, источно е селото Конопница и Дренак, северно е Конопница, а западно е Мождивњак.

Историја[уреди | уреди извор]

Народната традиција наведува дека денешното село е основано во средината на XIX век, кога била создадена постојана населба. Претходно, месноста била користена само за летна испаша на стоката. Тоа се огледува и во именувањето на маало Кошарци.[4]

Во поново време, селото е зафатено со големо иселување. Развиеното сточарство во минатото веќе е целосно замрено.[4]

Во XIX век, Борово било село во Кривопаланечка каза, на Отоманското Царство.

Во месноста Ѓубриште во септември 1944 година, народноослободителните единици разоружале полк на бугарската војска. На тоа место изградена е спомен-чешма.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 7,1 км². На него преовладуваат шумите на површина од 479,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 191,4 хектари, а на пасиштата само 16,7 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Борово имало 140 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Борово имало 96 жители, егзархисти.[6]

По Првата светска војна селото било дел од општина Мождивњак и имало 130 жители.[7]

Во 1961 година, селото броело 313 жители, а во 1994 година се намалило на 111 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Борово живееле 87 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 140 96 314 349 313 268 218 119 111 87
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Борово е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Првите доселеници дошле во средината на XIX век, но местото на старина е заборавено. Куќите на секој род се наоѓаат во посебно маало.[4]

Родови во Борово се: Новоселци (12 к.), Боровци (12 к.), Кололевци (11 к.) и Кошарци (5 к.).[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Борово, се наоѓале и селата Баштево, Длабочица, Мождивњак, Псача и Т’лминци. Општината Длабочица постоела и во периодот 1950-1952.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0964 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Борово.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 61 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Спомен-чешми
  • Спомен-чешма од НОБ во месноста Ѓубриште

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Ѓурѓовден — главна селска слава со собор во средишното маало Борово
  • На 6 ноември се одржува собир на месноста Ѓубриште кај спомен-чешмата

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Мештаните не се иселувале до крајот на Втората светска војна. Оттогаш се појавило значително иселување, особено на младото население. Иселеници има од скоро сите родови и главно живеат во Крива Паланка и во Скопје. Пет домаќинства од Борово живеат во кочанското село Облешево, покрај Кочани.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 6 мај 2019. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 67. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 35. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 7 мај 2019 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 90-91. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  7. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. „Описи на ИМ“. конс. 6 мај 2019. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 6 мај 2019. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]