Слава (празник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Слава)
Прејди на: содржини, барај

Слава — обредно одбележување на одреден празничен ден поврзан со православен христијански календар, исто така може да биде обележување на името на светецот и оној кој го носи неговото име. Распространета е во Македонија, Србија, Црна Гора, како и кај католички семејства во Бока Которска. Коновали, јужна Херцеговина, Далмација, во северна Албанија, како и кај муслиманските семејства во Босна и Херцеговина и Санџак, кај Горанците и Јањевците.

Слава е секогаш поврзана со денот на некој светец и може да биде домашна - крсна, именден - крсно име, или селска слава. Обредни елементи и дејствијата поврзани со слава се богати и укажуваат на зачуваните митолошки карактеристики на елементи од древната, паганска вера на словените, пред се на почитување на култот на предците.

Историјат[уреди | уреди извор]

Првите податоци за овој вид обичај се забележани уште во 11-тиот век. Постојат повеќе истражувачки пристапи кои славата ја поврзуваат со време на прифаќање на христијанството, но и задржување на дел од прастарата словенска вера во сопствен пантеон и благо изедначување на ликовите и делата на христијанските светители со прастари божества и натприродни битија, како и обележување на култот на предците, но и славење на семејството и неговите вредности и одавање почит кон натприродното. Пренесување на славата од колено на колено пак укажува на грижата за очувување на традиционалните вредности и сеќавање на потеклото.

Се верува дека славата (светецот чија слава се слави) го штити семејството и домот. Славата се менувала само во посебни прилики, но и тогаш останувал завет за палење свеќи и одење во црква на претходната слава. Слава на населението или селото вообичаено се обележувала околу црквата, старите свети стебла запис, или на местата на кои се сметале свети и често биле обележувани со крст.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]