Конопница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Конопница
Поглед на Конопница.jpg

Поглед на дел од селото Конопница

Конопница is located in Македонија
Конопница
Местоположба на Конопница во Македонија
Координати 42°10′39″N 22°17′21″E / 42.17750° СГШ; 22.28917° ИГД / 42.17750; 22.28917Координати: 42°10′39″N 22°17′21″E / 42.17750° СГШ; 22.28917° ИГД / 42.17750; 22.28917
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Област Славиште
Население 1.398[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Надм. вис. 630 м
Конопница на општинската карта
Конопница во Општина Крива Паланка.svg

Атарот на Конопница во рамките на општината
Commons-logo.svg Конопница на Ризницата


Конопница — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сретселото со задружниот дом во маалото Река, Конопница

Селото се наоѓа во областа Славиште, во јужниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, од левата страна на Крива Река, чиј атар се издига на северозападната падина на Осоговските Планини.[2] Селото е ридско-планинско и е раштркано, чии маала се сместени на надморска височина од 600 до 1.000 метри. Од градот Крива Паланка, селото е оддалечено девет километри.[2]

Селото е доста големо и од особен разбиен тип. Се наоѓа десно од патот Страцин-Крива Паланка, на допир со падината на Осоговските Планини и пониската рамнина. Селото е многу издолжено во насока југозапад-североисток, долго околу 6 километри.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Подиште, Чивлак, Трнци, Деда-Маџовци, Рид, Мустафиница, Кртишови, Пољска Падина, Племњите, Китка, Чешмиче, Паднала Бука, Солиште, Средњо Брдо и други.[3]

Селото е од разбиен тип. Се разликуваат 14 маала. Во насока југозапад-североисток се следниве маала: Трнци, Гражданци, Црешњарци, Парталци, Стамболисци, Чивлак, Река, Аџи-Куртиш, Мечковци, Баратлици, Николинци, Самовци, Јушмерци и Станојинци. Главно средиште е маалото Река, каде се наоѓа основното училиште и задружниот дом.[3]

Селото е распространето во непосредна близина до градот Крива Паланка. На север се граничи со селата Т’лминци и Градец, на исток со градот Крива Паланка и селата Мартиница и Дурачка Река, на југ со селото Дренак и на југозапад со селата Борово и Мождивњак.

Панорамски поглед на Конопница

Историja[уреди | уреди извор]

Конопница се смета за старо село во Славиште. Главно се наоѓа на мала рамнина на височина од 650 метри, додека сувите долини ги одвојуваат поединечните маала. Најстари остатоци од населба се наоѓаат во југозападниот дел на селото. Таму е сместено денешното маало Трнци и се наоѓа локалитетот Градиште. Локалитетот претставува тврдина на високо брдо.[3]

На пописот од 1519 година, селото било запишано како дервенџиско село со 131 христијанско и 3 муслимански домаќинства. Било попишано во нахијата Славиште. Постои предание дека денешниот град Босилеград некогаш опустел и дека бил повторно населен од некој ковач Паунко со неговите 8 синови од ова село.[3]

Во XIX век, Конопница било село во Кривопаланечка каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 21,7 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 852 хектари, на шумите отпаѓаат 817 хектари, а на пасиштата 300 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

За време на Отоманското Царство, еден дел од населението обработувал своја земја, додека другите работеле на чифлици. Покрај тоа, селото поседува огромни пасишта на Осогово, кои порано ги издавале на влашките сточари.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Обичајот „невестинско поклонение“ на празникот Свети Теодор Тирон во Конопница, кога младите невести венчани помеѓу две Тодорици на Тодорова сабота заедно со своите свекрви му се поклонуваат на светецот со пригодни извезени натписи

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Конопница имало 1.445 жители, од кои 1.400 Македонци и 45 Роми.[4] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Конопница имало 1.168 жители, егзархисти.[5]

По Првата светска војна селото било дел од општината Мождивњак и имало 1.130 жители.[6]

Конопница е големо село со позитивно популациско салдо. Селото во 1961 година броело 1.569 жители, а во 1994 година 2.450 жители, од кои 2.409 жители биле Македонци, 10 Роми, 13 Срби и 18 останати.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Конопница живееле 1.358 жители, од кои 1.395 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[1]

Конопница е едно од ретките села во Кривопаланечко, кое што не било погодено од миграцијата село-град во втората половина на минатиот век, поради добрата местоположба и близината до градот Крива Паланка.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.445 1.168 1.462 1.652 1.569 1.637 1.965 2.363 2.450 1.398
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Македонското население во селото е старинско, но има и доселеници.[3]

Родови во селото се:

  • Старинци: Деда-Маџовци (15 к.), сместени во маалото Трнци; Гражданци (15 к.), сместени во маалото Трнци, а во минатото биле во маалото Гражданци; Гражданци (6 к.), сместени во истоименото маало; Црешњарци (7 к.), сместени во истоименото маало; Парталци (20 к.), сместени во истоименото маало; Стамболисци (околу 30 к.), сместени во истоименото маало; Чивлачани (околу 30 к.), сместени во маалото Чивлак; Речани (околу 40 к.), сместени во маалото Река; Аџи-Куртешовци (20 к.), сместени во истоименото маало; Мечковци (12 к.), сместени во истоименото маало; Баратлици (12 к.), сместени во истоименото маало; Николинци (околу 20 к.), сместени во истоименото маало; Самовци (8 к.), сместени во истоименото маало; Јушмерци (8 к.), сместени во истоименото маало и Станојинци (7 к.), сместени во истоименото маало.
  • Доселеници: Калиманци (10 к.) и Гањовци (10 к.), сместени во маалото Парталци. Едните потекнуваат од селото Калиманци, додека другите од околината на Врање.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на подрачното основно училиште „Илинден“
Поглед на главната селска црква „Св. Теодор Тирон“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Селото било седиште на некогашната општина Конопница во периодот 1950-1952, кога покрај него се наоѓало и селото Мартиница.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 0953 и бр. 0954 според Државната изборна комисија, кои се сместени во основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.345 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[12]
Цркви[13]
Споменици
  • Споменик од НОБ пред дворот на главната селска црква

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Конопница

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Мештаните не се иселувале од ова село до крајот на Втората светска војна. Потоа, се појавило иселување, главно во градовите Крива Паланка и Скопје.[3]

Родот Конопничани (1 к.) живее во соседното село Т’лминци; Додеви (1 к.), живеат во селото Спанчево, Кочанско; Анѓелови (5 к.), Пешови (3 к.), Младенови (2 к.) и Арсови (1 к.), живеат во селото Видовиште, Кочанско; има иселеници и во други кочански и овчеполски села.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 18 јуни 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 149. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 4 јуни 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 329-332. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 225.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 18 јуни 2019. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 18 јуни 2019. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]