Петралица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петралица
Црква Свети Ѓорѓи село Петралица.jpg

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Петралица

Петралица is located in Македонија
Петралица
Местоположба на Петралица во Македонија
Координати 42°12′29″N 22°11′13″E / 42.20806° СГШ; 22.18694° ИГД / 42.20806; 22.18694Координати: 42°12′29″N 22°11′13″E / 42.20806° СГШ; 22.18694° ИГД / 42.20806; 22.18694
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 669[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1332
Повик. бр. 031
Надм. вис. 668 м
Петралица на општинската карта
Петралица во Општина Ранковце.svg

Атарот на Петралица во рамките на општината
Commons-logo.svg Петралица на Ризницата


Петралица — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Општина Ранковце, сместено од десната страна на Крива Река. Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат oд Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 23,5 километри од Крива Паланка и 9,5 километри од општинскио центар Ранковце.

Претставува рамничарско-ридско село со урбанизирана населба покрај самиот магистрален пат и маал од растурен тип во повисоките делови. Воедно, како дел од Петралица се смета и селото Баратлија, иако постои како засебна целина.

Од општинското средиште Ранковце е оддалечено пет километри и има добри врски со другите околни населени места, а во самото село постои автобуска станица.

Атарот на селото се простира на 44,2 км2 и со тоа е најголемо село по површина во општината.

Историја[уреди | уреди извор]

Историските податоци за селото покажуваат дека на територијата на денешното село постоеле населби од доцното античко време.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото главно се занимава со земјоделство. Во селото нема никакви стопански и услужни објекти.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Петралица живееле 1.880 жители, од кои 1.750 Македонци и 130 Роми.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петралица имало 1.920 Македонци, егзархисти.[3]

Според податоци од пописот во 2002 година, во селото живееле 669 жители[1], со следнава етничка припадност:

Сите жители се изјасниле како православни христијани.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1880 1920 1146 1365 1350 1232 923 677 672 669
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Петралица е православно македонско-ромско село. Ромите се изјаснуваат за Македонци.

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Македонци: Во маало Селиште има околу (20 к.), они се староседелци. Радуево маало има околу (30 к.) и они се староседелци. Бујино маало има околу (20 к.). Таму има два рода, првиот е староседелски, а вториот Поповци (4 к.) е доселен од селото Каваклија. Ковачево маало има околу (20 к.) они се староседелци. Караманово маало има околу (8 к.), и они се староседелци. Боровско маало има околу (20 к.), и они се староседелци. Германска маала има околу (20 к.) и доселени се од селото Герман.
  • Роми: православните Роми во селото имаат околу (15 к.), и сите потекнуваат од ист предок. Некои мислат дека се доселени од кратовско.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Пошта
  • Подрачно основно училиште
  • Месна заедница „Петралица“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина, во која покрај Петралица се наоѓале и селата Баратлија, Гиновци, Криви Камен и Милутинце. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква;
  • Црква „Св. Троица“ — манастирска црква; се наоѓа на месноста Кутлев Крст. Камен темелник осветен на 24 јуни 2014, а на 31 мај 2015 комплетно осветена. Во тек се изградба и на конаци;[9]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Помеѓу двете светски војни, а поготово после тоа и Петралица има дадено огромен број на иселеници. Се иселувале не само Македонците, туку и Ромите. Во иселувањето учествувале сите селски родови. Има и сосема иселени родови. Иселеници има во повеќе градови во Македонија. Потоа иселеници има во Мождивњак (Чифлижани), Талашманце (Баратлинци). Кетеново (Аврамовци и Зензерци). Кокошиње (Даутовци, Чајевци, Галевци и Стамболџиовци). Малино (Крстевци и Стојковци). Амзабегово (Младеновци, Богдановци, Тодоровци и Трајковци) Трајковци се Роми, Пеширово (Петралинци и Серафимовци). Околу 33 семејства се иселени во селото Горобинци. Долно Коњаре (Спасовци). Војник (Петралинци). Клечовце (Петралинци и Богдановци). Коњух (Петралинци и Стојковци) и Скачковце (Шопје).[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, с. 224.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  9. Осветување на Храмот Света Троица, во село Петралица, Крива Паланка

Надворешни врски[уреди | уреди извор]