Станча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Станча
Маалото Митренци на селото Станча.jpg

Поглед на маалото Митрнци во селото Станча

Станча is located in Македонија
Станча
Местоположба на Станча во Македонија
Координати 42°14′26″N 22°4′27″E / 42.24056° СГШ; 22.07417° ИГД / 42.24056; 22.07417Координати: 42°14′26″N 22°4′27″E / 42.24056° СГШ; 22.07417° ИГД / 42.24056; 22.07417
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 23[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Надм. вис. 967 м
Commons-logo.svg Станча на Ризницата


Станча — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија. Селото се наоѓа на јужните падини на планината Герман.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Општина Ранковце. Од самото општинско средиште Ранковце е оддалечено 18 километри. До почетокот на селото води асфалтен пат.

Селото е од ридско-планински разбиен тип со маала кои се протегаат од 800 до 1020 метри надморска височина и до нив се доаѓа до земјени патишта, кои не се во задоволителна состојба, особено за време на зимскиот период.

Атарот на селото опфаќа површина од 5,5 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека на местото на селото било населено уште од доцноантичко време. Според народното предание и верувања селото Станча, не е старо село, туку настанало како и соседното село П’клиште околу 1800 година[2]. Основачи на селото биле четири семејства, доселени од други краишта, меѓутоа научните теренски истражувања не утврдиле дали селото се основало на атар на некое постаро запустено и раселено село[2]. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за селото наведено како Станци запишал дека е мало село над селото Дурачка Река, распрснато околу изворите на станечката река и по станечката шума во која што меѓу буките има и дрвја од кои прават обрачи за бочви[3].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото нема никакви стопански и услужни објекти, а населението главно се занимава со сточарство и шумарство.

Население[уреди | уреди извор]

Бројот на жители во ова село бележи постојан пад, па така во 1961 година имало околу 130 жители, а според последниот попис во 2002 година, селото имало 23 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 357 224 129 146 126 85 37 27 28 23
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Радибуш од секогаш па сè до денес е населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед, при што во селото има 9 родови, и тоа: Бучкинци кои слават Петковден; Гардинци кои слават Ѓурѓовден; Кулинци слават Свети Јован; Дупинци, Стамболијци, Трајковци, Петковци, Јакимови и Митринци кои слават Св. Архангел[2]. Споменатите родови потекнуваат од четири доселени домаќинства, кои се населиле околу 1800 година, на земјиште кое што го крчеле (за обработка), а местото на потеклото не го знаат[2].

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така било дел од тогашната општина Ранковце, во која покрај Станча се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш и Ранковце. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1976) (на српскохрватски). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 295. 
  3. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 422. ISBN 978-608-245-113-8. 
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]